Фондација Robert Schuman објавува повик за 14 ЕВС волонтери во Полска!

Полската фондација Роберт Шуман објавува повик за 14 Европски волонтери, кои би сакале да бидат дел од Еразмус+ проектот: “(Dis)appearing (dis)abilities with Schuman volunteers”.

Место: Wojkowice (Silesian region) / Warsaw – Poland

Времетраење на проектот: октомври 2018 – јуни/септември 2019 година

Волонтерските активности ќе се одвиваат во седум организации и тоа: три специјални детски градинки, редовна детска градинка за деца со посебни нутритивни потреби, основно училиште со интегративни часови, полската фондација Роберт Шуман и клубот за Европски интеграции во училишниот комплекс во Војковице. Освен последната организација која е во Војковице во шлезискиот регион, сите останати организации се наоѓаат во Варшава.

Профил на волонтерите:

Се бараат волонтери на возраст меѓу 18 и 30 години, кои се државјани на земјите партнери или земјите опфатени со Еразмус+ програмата. Потребно е волонтерите да бидат од различна возраст, различен пол и различна националност.

Волонтерите не е потребно да имаат некое претходно искуство, туку потребно е да бидат мотивирани да научат многу за време на нивниот ЕВС проект. Исто така, од волонтерите се очекува и да покажат добра волја за учење на Полски јазик после завршувањето на процесот на селекција, бидејќи ќе биде потребно да знаат некои основни фрази и да имаат стекнато определен вокабулар во моментот кога ќе започнат со нивниот проект. Зошто е ова важно?? – Бидејќи тие ќе работат со деца и млади со посебни потреби кои во најголем број немаат познавање од Англиски или некој друг јазик.

Главни цели на проектот:

Една од целите на овој проект е да се смени начинот на размислување за лицата со посебни потреби и нивните попречености – со главен фокус на нивните способности – преку реализација на активности со кои ќе се зголеми нивното активно учество во општествениот и социјалниот живот.

Главната цел на проектот е да се промовираат заедничките Европски вредности, како што е наведено во Член 2, вклучувајќи солидарност, толеранција и почитување на човековото достоинство и права преку зголемување на знаењето и разбирањето за лицата со попреченост кои се соочуваат со ризик од исклучување и маргинализација. Како дел од европската мобилност (волонтирањето) ќе биде и одржувањето на работилници за децата во градинките и основните училишта и за нивните наставници.

Главни активности на волонтерите:

Покрај активностите кои секој волонтер ќе ги има во зависност од тоа во која организација ќе се одвива неговото волонтирање, за сите волонтери се планирани и заеднички активности:

  • ќе бидат поканети да учествуваат на 5 студиски посети во институции поврзани со специјално и интегративно образование. За време на секоја посета учесниците ќе се обучуваат од специјални/интегративни образовни експерти како да работат со лица со попреченост и како да организираат интегративни активности.
  • заедно ќе подготват настани за промовирање на вклучувањето на лицата со посебни потреби, како и проблемите со кои се соочуваат овие лица на јавни места. Ваков настан ќе се организира најмалку двапати на јавно место – во Варшава и Војковице/Катовице.
  • ќе пишуваат на блогови за нивното искуство во форма на статии, ќе постираат фотографии, аудио/видео материјали. Секој месец волонтерите ќе пишуваат барем по една статија за нивното волонтерско искуство во Полска. Овие статии ќе се објавуваат на веб – страната на Фондацијата и/или на Фејсбук.
  • ќе учествуваат во подготовка на Schuman Parade and Schumann, настани кои се организирани од страна на Советот на Европа за да се прослави Денот на Европа во центарот на Варшава. Волонтерите ќе подготват шатор во Shumanville, посветен на европското волонтирање и подигнување на свестаза потребите на лицата со попреченост.
  • учество во внатрешна обука во организацијата – домаќин организирана од Координативната агенција.
  • ќе учествуваат на месечни состаноци. Еднаш месечно, сите Шуман – волонтери кои живеат во Варшава (а и оние кои живеат во Војковице), ќе се состануваат во фондацијата и повремено и надвор од неа. Овие состаноци ќе се одржуваат со цел волонтерите да се сретнуваат и поминуваат време со другите волонтери и координаторите, при што координаторите секогаш подготвуваат активности за волонтерите: за месечна евалуација, за подготовка на заеднички активности или за самоинтеграција.

Сместување, храна и патни трошоци:

Сите трошоци за храна, сместување и пат се покриени од страна на организацијата – домаќин. Секој волонтер ќе добива џепарлак од 120 евра месечно. Трошоците за храна се исто така покриени, при што волонтерот секој месец ќе прима од 80-110 евра за храна.

Трошоците за локален транспорт се исто така покриени, при што секој волонтер поединечно ќе прими картичка за месечен градски превоз.

Волонтерите ќе бидат сместени во станови. Оние кои ќе престојуваат во Варшава станот ќе го делат со други 5 волонтери, а во Војковице ќе живеат две лица во еден стан.

Сметките за вода, струја, интернет и сл. ги покрива организацијата – домаќин во износ од 90-110 злоти (полска валута) месечно.

Координативната агенција на волонтерите ќе им обезбеди и полска SIM картичка. Исто така, доколку на волонтерот му е потребна виза за патување во Полска, организацијата – домаќин ќе ги покрие и тие трошоци.

Медицински тестови:

Волонтерите кои ќе работат во детските градинки и основните училишта ќе мораат да направат санитарни здравствени прегледи, како што е пропишано со полските закони. Овие трошоци ги покрива координативната организација.

Часови по Полски јазик:

За волонтерите ќе бидат обезбедени часови по Полски јазик. За оние кои немаат познавање (А1 ниво) ќе биде организиран онлајн курс пред неговото заминување во Полска. Додека пак, за оние кои имаат поголемо познавање ќе биде организиран јазичен курс во училиште за јазици (за првите 2-3 месеци) по 1,5 час двапати неделно.

Доколку сте заинтересирани за едно вакво – поразлично искуство, сакате да работите со деца и млади, како и да им помагате на лицата со попречености и да работите на зголемување на нивната социјална инклузија во општеството – ова е вистинскиот ЕВС за Вас.

Доколку сакате да учествувате, испратете ни CV и кратко мотивационо писмо, најдоцна до 05.05.2018 година на е-маил: andrej.gabroski@ycp.org.mk

Ве очекуваме