Сакате ЕВС мобилност во Литванија? Пријавете се

Младински Совет Прилеп заедно со Волонтерски Сервис Скопје објавуваат:

ПОВИК ЗА ЕДЕН ЕВС ВОЛОНТЕР 

на проект во Шиаулиај – Литванија

со времетраење од 9 месеци (25.03.2018- 09.12.2018)

Проектот ќе се одвива во културен и информативен центар кој е дел од Национална библиотека ŠIAULIAI P.Višioskis Public Library во Шиаулиај, Литванија.

1. Главни цели на проектот се:

  • со помош на меѓународни волонтери да се истражат и да се промовираат иновациите што ги применуваат народните библиотеки во Литванија
  • да се укинат сателитските иницијативи на народните библиотеки на меѓународно/интеркултурно ниво
  • да се воведе додадена вредност, односно да се влијае на зголемување на вредноста на националните библиотеки преку вклучување на меѓународни волонтери.

Цели кои што се директно поврзани со приоритети или Еразмус+ програмата:

  • поддршка на волонтерите во стекнување/подобрување на компетенциите (знаења, вештини и ставови) со цел да се олесни нивната интеграција на пазарот на трудот, формалното образование или во други области во иднина
  • да им се обезбеди професионализам на организациите кои примаат волонтери, да им се зголемат можностите и да го прошират својот опсег на работа со што би им се олеснил пристапот кон квалитет и иницијативност кон целните групи
  • да им се помогне на организациите и волонтерите (кои ќе бидат вклучени во проектот) да ги подобрат нивните јазични вештини (посебно Англиски и Литвански јазик)
  • да се подигне свеста и толеранцијата кон другите култури преку поврзување на луѓето од различни земји.

2. Активирање на волонтерот во мобилна IRT и лабораторија на иновации (IPad компјутери, 3D печатач, лаптоп компјутери, комплети за роботика, 3D очила и софтвер со зголемена реалност). Лабораторијата е мобилна и се преместува во далечни селски библиотеки каде се спроведуваат едукативни активности за локалните деца и млади, посебно оние кои сакаат посебни образовни предизвици.

3. Главни активности на волонтерот:

  • волонтерот ќе работи на статии и содржини кои ќе се објавуваат на веб-страната на библиотеката
  • ќе учествува во подготовка на радио-емисија поврзана со активностите на библиотеката
  • помош при подготовка на часови по Англиски јазик кои ќе се одвиваат во Американската читална
  • подготовка на видео клип за улогата на библиотеката во заедницата
  • работа во читалната на библиотеката
  • издавање на книги на читатели
  • комуникација со корисниците на услугите на билиотеката
  • проверка на книги
  • подготовка на настани на библиотеката
  • правење на постери и изработка на разгледници
  • пишување на сценарио

Технички инфорамции за проектот:

Трошоците за сместување и пат се покриени од организацијата – домаќин, при што месечниот буџет е 200 евра (120 евра за храна и 80 евра за џепарлак).

Доколку сте заинтересирани да бидете волонтер на проектот, ве замолуваме да ни испратите ваша биографија на Англиски јазик на andrej.gabroski@ycp.org.mk

Краен рок за аплицирање: 16ти март 2018 година (Петок)