Не ја пропуштајте можноста да ги откриете убавините на Хрватска со ЕВС!!!

Младински Совет Прилеп, заедно со партнер организацијата Association for promotion of IT, Culture and Coexistence (IKS), објавува повик за 1 ЕВС волонтер во Хрватска.

Место:  Петриња – Хрватска

Организација – домаќин: Association for promotion of IT, Culture and Coexistence (IKS)

Период: Од 01/10/2018 до 30/09/2019

Времетраење на проектот: 11 месеци

За организацијата – домаќин:

Association for promotion of IT, Culture and Coexistence (IKS) е организација која се занимава со информатика, култура и промоција на соживот и толеранција. Организацијата е основана во 2003 година развивајќи чувство на одговорност и преземање на иницијатива за подобро општество. Нивната визија е подобро демократско општество и хумана заедница во која организацијата ќе делува како генератор на промени и застапување на позитивни идеи. Нивните активности вклучуваат: развивање на капацитетите на граѓанските социјални организации, развој на демократско граѓанство и промоција на волонтерството, вработување на млади и жени, неформално образование и информации за млади.

Активности за време на проектот:

Секојдневните активности кои се предвидени со проектот се однесуваат на: организирање на активности за постари и за лица со попречености, граѓанско образование во руралните основни училишта 2-3 сесии неделно, работа во центар за социјално маргинализирани граѓани и млади. Центарот на заедницата е место каде што луѓето можат да добијат административна поддршка, да се придружат во клубот на баратели на работа или да користат простор за иницијативи или состаноци на здруженија на граѓани. Волонтерите исто така ќе бидат вклучени во работата на младинската иницијативна група “Активисти” кои планираат и иницираат свои сопствени проекти или активности за развивање на младинските потреби или решавање на младинските проблеми во заедницата. Волонтерите ќе придонесат за услугите на организацијата како што се: локалниот волонтерски центар и информативниот центар за млади, ќе организираат различни активности, едукативни, креативни и социјални настани кои им помагаат на младите луѓе да стекнат нови информации и вештини.

 

Сместување, храна и транспорт
Волонтерите ќе живеат во стан каде ќе делат соба со други волонтер/и. Тие ќе ја делат кујната и бањата. Сите волонтери ќе бидат сместени во центарот на градот, што е околу 15 минути од местото каде се наоѓа организацијата. Во станот ќе ги имаат сите апарати, машина за перење и греење. Волонтерите ќе добиваат месечен џепарлак и додаток за храна, а сите патнит трошоци поврзани со проектот се плаќаат од фондот на програматаErasmus+.

Обука за време на проектот
Сите волонтери ќе добијат on-arrival обука по пристигнувањето. Ова вклучува детали за Association IKS, нивниот проект, заедницата, хрватските региони и културата. Тие исто така ќе учат за различните корисници на проектните активности, како да работат со нив, а ќе ги учат и принципите за волонтерство, правата и одговорностите. Волонтерите исто така ќе присуствуваат на различни работилници во рамките на организацијата и заедницата за да нивни личен и професионален развој.


Профил на волонтерот
На повикот можат да аплицираат сите заинтересирани млади луѓе кои имаат желба д аучат и да напредуваат. Организацијата е фокусирана на млади со помалку можности, невработени, како и млади со економски, географски, социјални или други исклучености,  на возраст меѓу 17 и 30 години, без оглед на етничката припадност, националност, пол, сексуална ориентација, ниво на образование, религија или кој било друг личен аспект. За да аплицирате за овој проект мора да бидете регистрирани во базата на податоци на European Solidarity Corps.

 

Начин на аплицирање:
Доколку сте заинтересирани да бидете ЕВС волонтер на овој проект испратете Ваша биографија во PDF формат, како и мотивационо писмо на англиски јазик

на следната е-маил адреса: andrej.gabroski@ycp.org.mk.

Краен рок за аплицирање: 12.август 2018