Нова можност за краткорочен ЕВС во Хрватска.

Младински Совет Прилеп, во соработка со Еко-Центар Латиновац, објавуваат повик за
2 волонтери од Македонија во Хрватска, за краткорочен ЕВС проект 
 “Пролетен камп во Златната долина”

 

Времетраење на активностите: 13 март – 10 мај 2018

Место: Латиновац, Општина Чаглин, Хрватска

Пролетниот камп во Златната долина, заедно со својата сеопфатност, ќе пречека 15 учесници од 7 земји: Грција (2), Чешка (3), Македонија (2), Унгарија (2), Шпанија (2), Италија (2) и Естонија (2).

Главната цел на проектот е да се создаде одржлива заедница со цела нејзина разновидност, да се развијат руралните области и да се подобри квалитетот на животот на локалното население.

Специфични цели на проектот:

– Да се развие знаењето за пермакултурата во теорија и пракса
– Да се едуцираат локалните луѓе како да го третираат својот отпад на најеколошки начин
– Да се шират и да се споделат знаењата за пермакултурата и одржливоста, и да се подигне еколошката свест користејќи теоретски и практични работилници
– Организирање настани за локалното население и подобрување на нивниот квалитет на живот
– Да ги поттикне младите луѓе да ги искористат своите можности да учествуваат во проектите за мобилност и да вршат доброволна работа
– Да ја запознаат работата на Еко Центар Латиновац со пошироката заедница и да ги информира луѓето како да бидат поактивни и вклучени во развојот на заедницата
– Да се поддржи солидарноста и духот на заедницата, меѓугенерациската и интеркултурната размена и меѓусебното разбирање преку неформални активности во локалната заедница (намалување на предрасудите)
– Да се развијат рурални патеки за пешачење / велосипедизам (за поддршка на руралниот и одржливиот развој на заедницата, за промовирање на активен начин на живот и стилови на здрав живот)
– Да се промовираат европските вредности (како младински активизам, професионален развој итн.)

Специфични активности на волонтерите:

– Промоција и едукација на пермакултурата
– Помош во заедницата
– Промоција на мобилноста
– Промоција и едукација за рециклирање
– Гринвеј – развој на пешачки патеки
– Фестивал за пролетно поздравување
– Здрава храна за образование
– Интеркултурна размена
– Проектен весник „Škakljikaš“
– Лични проекти на волонтерите

Доколку сте заинтересирани за животната средина, одржливиот развој, пермакултурата, културните разлики, кои живеат во руралните средини, а дополнително сте креативни, комуникативни, отворени за разликите, да споделувате знаење и информации за вашата култура и земја, вие навистина сте вистинскио профил за овој проект. Вие треба да бидете тимски играчи, со дух на заедницата, активни учесници, адаптибилни и подготвени да работат на промовирање на мобилноста и проектот во социјалните медиуми.

Сите заинтересирани волонтери кои сакаат да учествуваат или да добијат повеќе информации, нека испратат CV на andrej.gabroski@ycp.org.mk, најдоцна до 01 Февруари 2018 година.

Искористете ја оваа можност и бидете дел од 15те волонтери на едно место!

Предности!?
Со учество на овој краткорочен ЕВС, понатаму вие ќе имате можност да учествувате повторно, на втор, долгорочен ЕВС проект.

За дополнителни информации поврзани со престојот, сместувањето и други технички аспекти, проверете на водичот за волонтери.

Младински Совет Прилеп е одговорна организација за регрутација на 7 учесници. Доколку сакате да бидете дел од оваа размена треба да бидете член на Младински Совет Прилеп. Прочитајте повеќе и станете член.