Ед Ширан се вери во тајност со својата девојка од детство

Ед Ширан објави дека потајно се верил со својата долгогодишна девојка Шери Сиборн уште при крајот на минатата година, но вестите ги чувале во тајност сè додека не одлучиле дека е најдобро време јавноста да дознае за тоа. 

Ед ги извести своите 18,9 милиони следбеници на Инстаграм со пораката: „Ние сме многу среќни и вљубени, исто така и нашите мачки“ 

Пејачот се запознал со Шери (24) во време кога учеле во Средно училиште  во Фрамлингам, Сафолк. Ед се вљубил во убавата бринета веднаш откако се запознале. 

 

Но, покрај неизмерната љубов, парот се разделил кога Шери го напуштила средното училиште со цел да се запише на Универзитетот Дјук во Северна Каролина. Парот го поминал најголемиот дел од 2016 година патувајќи низ светот, за да се справат со оддалеченоста, сè додека Ед не одлучил да направи една година пауза од шоу бизнисот. Во тој период Ед соопшти дека тоа било одлична идеја, бидејќи можел да се посвети на љубовта, бидејќи сметал дека во неговиот живот многу било тешко да се направи баланс.