Учествувајте во шестото по ред „ECSR Spring School“ во Торино, Италија

Темата на шестото издание на пролетната школа ЕCSR е “Работа, вработување и нееднаквост”. Школата е промовирана од Европскиот конзорциум за социолошки истражувања (ECSR),институцијата Карло Алберто и од универзитетите во Милано и Торино во рамките на NASP (мрежа за унапредување во социјалните и политичките студии).

Обезбедува висококвалитетна обука за водечките теории и методи кои се однесуваат на променливата структура на работа, професии и вработување.

Во фокусот на училиштето е да се види како промените во професионалната структура, пазарот на трудот и работните односи влијаат на животните шанси на различни социо-економски групи, како што се младите, жените, работничката класа или мигрантите.

Одреден број на студенти на докторски науки и млади истражувачи ќе учествуваат на петдневен, целосен курс кој вклучува предавања за клучните теми на терен и концептуални и методолошки работилници и ќе бидат во можност да ја презентираат својата работа и истата да биде дискутирана од водечки научници во оваа област.

Апликациите треба да бидат испратени на е-mail адресата: mito.school@unimi.it најдоцна до 04ти февруари 2018.

Повеќе информации за школата и начинот на аплицирање можете да најдете на следниот линк.