„Дел од мене“ во ликовната галерија на НУЦК Марко Цепенков

Во Петок, 15 септември 2017, во 19.00 ч. во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ДЕЛ ОД МЕНЕ“ од уметниците Ферди Булут и Дарко Талески од Прилеп.
Изложбата е дел од манифестацијата нов културен бран што ја реализира Министерството за култура.

Податоци
Вид на уметнички проект: ИЗЛОЖБА (фотографии и кратки видео записи дел од видео перформанс)

КРАТОК ОПИС:

„ YOUR PERCEPTION OF ME IS A REFLECTION OF YOU,
MY REACTION TO YOU IS AN AWARENESS OF ME“

„КАКО МЕ ГЛЕДАШ МЕНЕ ПОКАЖУВА КОЈ СИ ТИ,
КАКО ЈАС РЕАГИРАМ НА ТЕБЕ ПОКАЖУВА КОЈ СУМ ЈАС“


Често пати може да слушнеме дека уметнициите живееат во свој свет, дека се разликуваат од другите. Уметниците како и сите останати се дел од сите опшествени случувања и често пати нивниот ликовен израз е рефлексија на опшествените и социјалните промени.

Проектот го реализираат двајца ликовни уметници кои живееат во пелагонискиот регион на Македонија каде што сеуште како една од доминатните култури за финансиски приход е тутунот.

Од овој регион потекнуваат голем број на видни уметници од сите области, чии што мотив често бил тутунот. Ферди потекнува од рурална средина директно инволвиран од најрано детство во обработката на тутунот, Дарко од урбана средина, кој никогаш не бил директно вклучен во обработка на тутун, но неговото опкружување му дава можност да се запознае со тој процес. Едниот е од турска, а другиот од македонска националност, што уште повеќе го збогатува нивното заедничко творештво.

Во проектот „Дел од мене“ како основен материјал е земена саргијата (груба ткаенина изработена
од коноп која се користи за вкалапување на исушениот тутун). Саргијата ја носи миризбата на обработениот тутун која што миризба се впива на истиот начин како што миризбата се лепи за тутуноберачите.
Ферди ја користи саргијата како втора кожа. Кожата е еден вид меморија на животот. Ферди уште од најрана возраст се соочува со маката што ја носи тутунот. Преку фотографиите и кратките видео записи дел од видео перформансот, тој е обвиен во саргија како негова втора кожа. Стиснат помеѓу мирисот и тежината во другите фотографии т.е. другиот дел од перформансот Ферди се обидува да се ослободи од таа тежина. Колку и да е силно и вистинско тоа одделување, остава свои траги. Тоа е причина за дел од фотографиите на перформансот да се види втора кожа, овој пат проѕирна (проѕирна фолија) како симбол на трагите кои остануваат врз личноста од социјалните и опшествените случувања во кои расне, созрева, живее и твори.
Тешките услови за живот неминовно допринесува голем број на луѓе кои се соочуваат со тежината на тутунообработката да бараат можност да избегаат т.е се одделат од миризбата на тутунот и од стегите на саргијата.

Дарко во последните 2 години експериментира со сотојбата на неговата кожа (demography т.е. цртање на кожа) како медиум за уметничко изразување.

Дарко вели:
„Кожата го покрива телото која што истовремено има улога да не заштите од другите, но и да не прикаже пред другите. Дел од книгата „Мислење преку кожата“ од Сара Ахмет и Џеки Сатјси е следниот текст: мислата не се одразува само на телото како изгубен објект на мислата, туку на целосната слика за нас самите, на начинот на постоењето – со, и постоењето – за, каде што еден допир е допир на другите. Проучувајќи го ова јас разбрав дека мојата личност е се рефлектира преку мојата кожа“
Често пати неговото творештво е поврзано со обидот за превземање на емоциите на другите и нивно интепретирање на сопствен начин (ставен во туѓа кожа). На сличен начин и во овој проект е вклучен уметникот кој ја користи сопствената кожа како медиум за интепретирање на емоциите на другиот уметник, поаѓајќи и испреплетувајќи ги сопствените емоции.