Концерт на „Чалгија Саунд Систем“ во Прилеп

Во петок (04.07) со почеток во 21 часот на Камената бина, Плоштад „Александрија“, ќе се одржи концерт на добро познатата етно група Чалгија Саунд Систем (Chalgija Sound System). 

Чалгија Саунд Систем е група која ја негува Македонската чалгиска музика, но и изведува музика која е инспирирана и слична со чалгиската Членовите на бендот се: Добрила Грашеска – вокал; Александра Кузман – виолина; Бошко Мангаровски – канун; Дориан Јовановиќ – ут; Филип Крстевски – тарабука, дајре.