BEYONCE & BLUE IVY ќе бидат дел од видеото на JAY-Z “FAMILY FEUD”

Веќе се навикнавме Jay-Z да ја вклучува Beyoncé во неговите музички проекти.  Во 2016 година, Beyoncé го изложи Jay-Z за неговите безброј неверства во Lemonade, па потоа следеше 4:44, која не само што служеше како исповедник на Jay-Z за неговото лошо однесување, туку и поука  за сите фраери кои се плашеа да бидат отворени и ранливи.

“Familiy Feud” е наредниот проект, но овој пат е стриктно семејна афера со истакнати карактеристики на Beyoncé и Blue Ivy. Веќе очекувано, видеото ќе биде објавено исклучиво на TIDAL, но платформата беше доволно дарежлива да сподели teaser со сите нас.