Позајмете го Вашиот глас и станете аудио актери!

PULSE Radio објавува јавен повик за избор на 5 аудио актери кои ќе ги позајмат своите гласови за снимање на аудио приказни во рамките на ЕВС проектот “Pulse Radio 2.0” преку Еразмус+ програмата.

Соработката вклучува снимање на аудио приказни на радио, заедно со 2 волонтери од Молдавија, кои ќе бидат производ на аудио книга со светски приказни.

Повикот е отворен за сите млади од Прилеп, на возраст од 15 до 29 години.

 Обврски и одговорности:

  • Присуство на однапред договорените работилници
    (по една работилница во текот на работната недела во период од 10:00 до 16:00ч) 
  • Посветеност кон работата
  • Да оствари директна комуникација со волонтерите

Доколку сте заинтересирани, потребно е да ни испратите кратка биографија (CV) на нашата е-маил адреса andrej.gabroski@ycp.org.mkнајдоцна до 11ти Септември 2017 година (Недела).

Напомена:

Вклучените аудио актери ќе добијат сертификат за учество и придонес во подготовките.
Позицијата на аудио актерите е волонтерска.

 

Европски волонтерски сервис – ЕВС, има за цел да поддржува реализација на неформални образовни проекти кои овозможуваат: подобра мобилност, можност за меѓу – културно учење, активна социјална партиципација, личен и професионален развој, можност на младите луѓе да се запознаат со европските вредности, како солидарност, различност и еднаквост со младите луѓе од цела Европа и пошироко.