Имате желба да бидете аудио актери? Позајмете го вашиот глас и учествувајте

Младински Совет Прилеп и PULSE Radio во рамките на ЕВС проектот “Pulse Radio 2.0.” објавуваат

Ј А В Е Н  П О В И К
ЗА ИЗБОР НА 5(пет) АУДИО АКТЕРИ

кои ќе ги позајмат своите гласови за снимање на аудио приказни во рамките на ЕВС проектот “Pulse Radio 2.0.” преку Ерзамус+ Програмата.

Соработката вклучува снимање на аудио приказни на радио, заедно со волонтери од Молдавија, кои ќе бидат производ на аудио книга со светски приказни. На крајното објавување на аудио приказните ќе им претходат серија на активности, подготовки и работилници со цел запознавање и директно вклучување на актерите во процесот на подготовка и снимање на истите. При изготвувањето на аудио приказните, актерите ќе имаат можност да се стекнат со обука за користење на програма за аудио процесирање.

Повикот е отворен за сите млади од 15 – 29 години

Обврски и одговорности на младите актери:

  • Присуство на однапред договорените работилници
    (по една работилница во текот на работната недела во период од 10:00 до 16:00 часот)
  • Посветеност кон работата
  • Остварување на директна комуникација со волонтерите.

 

Доколку сте заинтересирани за учество на овој проект, а воедно и да научите нешто ново и корисно и, да се запознаете и дружите со млади од други држави потребно е да ни испратите кратка биографија (CV) на нашата e-mail адреса andrej.gabroski@ycp.org.mk, најдоцна до 19 февруари 2018 година (Понеделник).

 

Напомена:

Вклучените аудио актери ќе добијат сертификат за учество и придонес во подготовките.
Вклучувањето на аудио актерите во овој проект е на волонтерска основа.

Европски волонтерски сервис – ЕВС, има за цел да поддржува реализација на неформални образовни проекти кои овозможуваат: подобра мобилност, можност за меѓу – културно учење, активна социјална партиципација, личен и професионален развој, можност на младите луѓе да се запознаат со европските вредности, како солидарност, различност и еднаквост со младите луѓе од цела Европа и пошироко.