Што мислат младите за салата „Партизан“?!

По предлог барањето на ученици од средните училишта апелираме да се обнови салата Партизан и да се реконструира дворот околу салата, како би можела да понуди подобри услови за младите што сакаат да ја посетат. Имено, салата Партизан датира од пред 50тина години, каде свое учество во различни спортови имале генерации на Прилепчани. Во салата се одржувале и државни и меѓународни натпревари од различен карактер.

Салата „Партизан“ во Прилеп се наоѓа во самиот центар на градот. Таму, најчесто се одржувале тренинзи по гимнастика, пинг-понг, одбојка, како и многу други спортови од типот на мал фудбал, ракомет и кошарка. Големиот број на генерации кои се приврзани за оваа сала апелираат да се подобрат условите за да може да се врати стариот сјај, и повторно да се одржуваат натпревари за кои ќе се раскажува низ градот и чаршијата.

Како потребни мерки во надворешниот дел е секако паркингот, кој е најбитен дел за да може да се паркираат големиот број на возила, но исто така и многу ќе го подобри рејтингот на салата, и ќе донесе поголем профит за неа. Што се однесува до внатрешните услови, неопходни се и туш кабини и соблекувални, како и добар дел на реквизити како справи за вежбање, голови, мрежи, кошеви, помагала за гимнастика, душеци, но и топки за неколку спортови.

Се надеваме дека овие предлози ќе станат стварност!

Пренесете го Вашето мислење на OPIN

OPIN платформата претставува европска алатка за електронско учество на младите. 
Коалиција на Младински Организации СЕГА започна со имплентација на проектот OPIN во Март 2017, со цел зголемување на младинското електронско учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Прилеп