Спортски фудбалски настан на Могила

Младинскиот Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ – Прилеп организира спортски настан во соработка со средните општински училишта од Прилеп по повод Европската недела на млади и главна цел на настанот е да се влучат ученици во спортската активност која ќе биде „Симулација на Светско фудбалско првенство“ и да се забавуваат со играње на фудбал.

Со цел реализирање на проектот за промовирање на француската култура и францускиот јазик “Franco Macedonian cultural Team” спроведен од страна на Коалиција на младински организации СЕГА, Младински Информативен Советодавен Центар ИНФО СЕГА – Прилеп и ЕВС волонтерите од Франција од оваа организација, финансиски поддржан од Еразмус + програмата, предвидено е да се направи Спортски настан, турнир за мал фудбал, со цел развивање на спортско-рекреативниот дух кај младите во Прилеп.

Ве известуваме дека Спортскиот настан ќе се одржи во паркот Могила (малиот фудбалски терен) на 06.05.2017 год. (сабота) во период од 10:00 до 17:00 часот. Официјалното отварање на настанот ќе биде во 10.00 часот. 

Поддржувачит на настанот се: Жито Прилеп, Пекара Џулијано, Синалко и Општина Прилеп.