Слушнете како звучи “Македонско девојче” во изведба на Шпански бенд

Една од најпознатите македонски народни песни “Македонско девојче” сега е позната и во Шпанија.

Една позната шпанска група направи промоција на македонскиот народен хит во Германија. Името на групата е: Barcelona Gipsy Klezmer Orchestra, а изведбата на “Македонско девојче” ја слушна верната публика на бендот во Минхен, за време на нивната германска турнеја за промоција на нивниот нов албум со наслов: „Аvo Kanto“. Во нивниот нов албум бендот изведува традиционална музика од Балканот.

Интересно е тоа што бендот го сочинуваат изведувачи од различни земји од Европа. Групата е основана во 2012 година.

Дел од бендот се: Робиндро Николиќ од Шпанија, Иван Ковачевиќ од Србија, Стелиос Тогиас од Грција, Матиа Шориса од Италија, Сандра Санаџио од Шпанија и Џулиен Чанал од Франција.

Во продолжение слушнете како звучи “Македонско девојче” изведен од шпанската креативна група.