Сите на велосипед 2017

СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД 2017 

Нај старата велосипедска манифестација во Прилеп и Македонија традиционално ќе се одржи на 24 мај, денот на сесловенските просветители “Кирил и Методиј“
Почетокот е закажан во 11:31h пред “реклами“ во Прилеп и во истиот термин пред општина Кривогаштани.
Стартот на возењето ќе биди во 12:02h, се вози до спортскиот аеродром во село Мало Коњари каде за секој учесник има мала закуска и освежување, традиционално награди за Нај млади Нај стар учесник од каде сите организирано се враќат до стартните места.
12-то издани во организација на Велосипедски Клуб & Сервис “ ИЛИНДЕН “ – Прилеп, Сојуз на општински спортови на општина Прилеп, Општина Прилеп и Општина Кривогаштани.