Репертоар на Кино Мис Стон (18-23 мај): „Јавачи на коњи“

Во Кино Мис Стон – Прилеп од 18 до 23 мај ќе се проектира македонскиот филм „ЈАВАЧИ НА КОЊИ“ со почеток во 20:00 часот

Приказната го следи животот на двајца бездомници кои живеат под еден запуштен мост. Мапет е хендикепиран, а Алек се грижи за него опсесивно. Деновите им минуваат еднолично додека не се појави Сара, уличарка која западнала во неволја. Тие криејќи ја кај нив стануваат како семејство. Еден ден Алек наоѓа стара запуштена куќа и се преселуваат во неа. Но имаат нов проблем, Мапет снемува од неговите лекарства. Бидејќи немаат пари да ги купат, Сара оди да краде и никогаш не се враќа. А Мапет умира пред очите на Алек.

Филм на МАРЈАН ГАВРИЛОВСКИ

Во главни улоги: НИКОЛА КУЗЕЛОВ, БОБАН КУЛЕСКИ, ДОЛОРЕС ПОПОВИЌ