Прилепскиот бенд High Start со авторска песна насловена „Слободен“

High Start e петчлен rock’n’roll бенд од Прилеп кој постои речиси 4 години.

Составен е од 5 професионални музичари, Петар Киселоски – вокал, Христијан Ристески – гитара, Дејан Трајкоски на клавијатура, Давид Ангелски на бас гитара и Филип Јездиќ на тапани.

Нивното професионално портфолио вклучува настапи низ цела Македонија. Нивната прва авторска песна го носи насловот “Слободен”, а веќе имаат и видео запис за истата.

За спотот се искористени дрон и 4К резолуција, со употреба на холограм.

 Mузиката и аранжманот се на High Start, на видеото се потпишува Христијан Конески, аудио на Александар Шилоски, а како главна ѕвезда во спотот се јавува актерот Димитар Ѓорѓиевски, кој пошироката публика го знае од неговата улога во филмот „Мајки“.
 

Извор: http://hybread.mk/bendot-hight-start-ja-objavi-prvata-avtorska-pesna-sloboden-video/?platform=hootsuite