Покриен базен во Општина Прилеп

Според направените презентации и работилници во средните општински училишта во Прилеп, заклучивме дека во Прилеп е потребен покриен базен каде младите ќе можат рекреативно и забавно да го поминуваат времето. Мора да се напомене дека ова би претставувало доста скап проект, затоа што самиот базен бара голема посветеност и одржување на квалитетот на водата и сите хигиенски и санитарни услови за кои треба да се оддлеуваат големи средства.

Покриениот базен во градот би требало да добие локација надвор од централното градско подрачје, што би значело дека и трошоците за користење би се зголемиле. Според тоа, младите ќе мора да одделуваат поголем дел од својот буџет за користење на оваа намена. Исто така, за одржување и постојана примена на базенот, потребно е да се оформат пливачки клубови каде ќе членуваат млади надежни пливачи кои би постигнувале добри резултати на државни и меѓународни рамки.

Прилеп  како град би ги добил своите придобивки низ поголема афирмација на проектот, барање на спонзори, како и организација на државни и балкански првенства.

Се надеваме дека овие предлози ќе придобијат Прилеп да добие затворен базен.

Пренесете го Вашето мислење на OPIN

OPIN платформата претставува европска алатка за електронско учество на младите. 
Коалиција на Младински Организации СЕГА започна со имплентација на проектот OPIN во Март 2017, со цел зголемување на младинското електронско учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Прилеп