Повик за 300 волонтери на Џез фестивалот Нишвил 2017

Интернационалниот џез фестивал НИШВИЛ, веќе осма година по ред објавува повик за 300 волонтери кој е отворен до 7 јули!
 
Преку оваа волонтерска програма, учествувале 2500 волонтери од повеќе од 120 градови од Србија и странство.
 
На годинашниот фестивал, кој ќе се одржува од 10-13 август, ќе бидат ангажирани 300 волонтери распоредени во 12 сектори: Помошник лидер на тим; Домаќин на публиката; Домаќин на музичарите; бумабара и пчела; маркетинг; прес; техничка поддршка; логистика; кетеринг служба; музичка работилница; обезбедување;
 
За да се пријавите потребно е да имате минимум 15 години и спремност за одговорност кон работните обврски. Волонтирањето на Нишвил подразбира активизам од 04 до 14 август 2017 година.
 
Пријавувањето се врши на следниот начин:
1.Превземето го апликациониот формулар кој се наоѓа на: http://nisville.com/index.php/sr/vesti-srp/volonteri-srp
2.Пополнете го формуларот и
3.Испратете го ФОРМУЛАРОТ заедно со Ваша ФОТОГРАФИЈА на следниот е-маил: volunteers@nisville.com
 
КОНКУРСОТ Е ОТВОРЕН ДО 7 ЈУЛИ 2017 ГОДИНА!
 
За повеќе информации посетете веб страната на НИШВИЛ: http://www.nisville.com/index.php/en/news/volonteri-eng а за било кои други прашања, можите да ги исконтактирате на: volunteers@nisville.com.