ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на ЛЕТЕН КАМП – ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ Троген, Швајцарија

Период на размена: 09.07.2017 – 22.07.2017

Датум на поаѓање: 09.07.2017

Датум на враќање: 22.07.2017

Цел: Учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Задолжителна вклученост на учесниците во имплементација на активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во текот на неделата на детето во октомври.

 Критериуми за учество:

  • Година на раѓање: 2000/2001
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 01.2018 година
  • Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
  • Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории (ученици кои живеат во рурални средини, припадници на различни етнички групи, деца од семејства со пониски приходи, итн.)

Сите заинтересирани ученици, може да се пријават на меил miled@ycp.org,mk  најдоцна до 26.05.2017 година. Потенцијалните кандидати ќе бидат повикани на интервју на 29.05.2017 година. Пријавата може да ја симнете на следниот линк.

Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации обратете се на е-маил miled@ycp.org.mk 

Младински Совет Прилеп, како организација членка на Коалиција СЕГА, е одговорна за  селекција и регрутација на 5 учесници. За да бидете дел од оваа размена треба да бидете член на Младински Совет Прилеп. Повеќе информации за како да станете член прочитајте тука.

Летниот Камп 2017, го имплементира Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со Македонскиот Центар за граѓанско образование, СППМД Кавадарци, ХДЗ Мајка Куманово и Центар за Едукација и Развој Теарце со поддршка на Детската Фондација Песталоци од Швајцарија.