Одлична можност за ЕВС искуство во Латвија!

Младински Совет Прилеп објавува повик за еден волонтер на ЕВС проект во Латвија.

 Име на проектот: “Inspired Ambassadors of the Cultures ”

 Организација: The Culture House of Rezekne National Societies

 Локација: Резекне, Латвија

 Времетраење на проектот: 01.09.2018 – 31.08.2019 година

За проектот:

Повикот е наменет за млади луѓе кои сакаат да учат за културата на луѓето кои живеат во Латвија, а воедно да научат и латвиски јазик. Волонтерите ќе учествуваат во културниот живот на градот, ќе можат да стекнуваат практични вештини во организацијата и ќе учествуваат во декорацијата на настапи и концерти. Волонтерите ќе можат да се запознаат со театарот одблиску, при што ќе можат: да помагаат во процесот на изработка на костими за на сцената, како и да помагаат зад сцената. Сите овие активности зависат од претходното искуство и желба на волонтерот да биде вклучен во тој процес. Тие ќе можат да учествуваат во претставите на Младинското театарско студио, во различни работилници и културни настани организирани од театарското студио Јорк или Културниот дом на национални друштва, вклучувајќи различни фестивали и концерти во Резекне, Латвија. Доколку волонтерите се заинтересирани за други култури, има голем број на национални друштва во градот, кои се застапени во Културната куќа на националните друштва. Тоа значи дека волонтерите можат да учествуваат и да помогнат за време на пробите на руски, украински, полски, белоруски колективи, да помогнат во организирање концерти, и т.н. Исто така, волонтерите ќе треба да организираат свои јазични работилници на јазикот кој го зборуваат за латвиските говорници. Во текот на проектот, волонтерите треба да подготвуваат своја национална храна и да направат презентација за нивната родна земја и култура. Културната куќа на националните друштва ќе обезбеди 3 ментори, кои зборуваат англиски.

Активности:

  • секој учесник на проектот ќе учествува во различни активности на: Culture House of Rezekne National Societies and Theatre – studio “JORIK” (концерти, театарски претстави, проби, фестивали и други проекти) а воедно и ќе организира и спроведува активности која ја претставуваат земјата од која доаѓаат.
  • за време на проектот волонтерите ќе имаат задача да организираат средби на јазикот кој го зборуваат во земјата од која доаѓаат, а активностите ќе вклучуваат: часови по јазик, запознавање со културата, традициите, музиката, храната и др.
  • активности за деца: настапи во детски градинки со приказни, песни и игри од земјите од кои доаѓаат волонтерите.

Во текот на сите активности волонтерите ќе имаат поддршка од ментори и театарски продуценти.

Исто така, волонтерите ќе имаат слободно време во кое можат да ја истражуваат Латвија, да запознаат волонтери од други земји, да се дружат, да запознаваат нови култури и да учат нови јазици, да патуваат на фестивали и концерти, ќе имаат време за себе и нивното хоби.

Критериуми:

Очекуваме личност, која е заинтересирана за свој личен развој, за учење на други јазици и друга култура!

Исто така, ги охрабруваме младите кои имаат искуство во театар, култура или работа со млади луѓе и мултимедија, кои планираат да добијат идно образование и искуство во сферите – култура и уметност, да се приклучат на нашиот тим!

Доколку сте заинтересирани за еден малку поразличен проект,

испратете ваше CV и мотивационо писмо на

andrej.gabroski@ycp.org.mk, најдоцна до 05 Јуни 2018 година.