Отворање на картинг центар во Прилеп

За збогатување на спортскиот живот на младите, тие се изјаснија со нова иницијатива на Опин и тоа отворање на Картинг центар и патека. Младите во Прилеп се љубители на големите брзини.

Тоа го докажуваат фактите кои даваат постојано следење на модните трендови на најновите технолошки достигнувања во мото спортот, автомобилите и моторите. Многу од нив се љубители на ридски трки, но и возење на планински џипови погодни за искачување на тешко пристапните места во разноликоста на Прилепска околина.

При професионално занимавање со овој спорт, потребно е посебно одело и соодветна кацига со везир, која дава заштита при возењето и штити од ветрот и честите временски неприлики за време на трка.

Отворање на картинг центар во Прилеп би придонесло за зголемување на адреналинот и афирмација на влубениците во овој спорт да го посетуваат нашиот град почесто. Картингот бара добра подготовка и огромно внимание за да се заштитиме при возењето. Младите, преку ова можат да ги покажат своите вештини во возењето, без притоа да внимаваат на секојдневниот сообраќаен метеж.

Картингот е доста скап спорт, кој пред се бара добра перцепција при возењето, како и фокус при вртењето на кратки и брзи кривини во обид да се постигне што е можно подобро време за еден извозен брз круг. Исто така, тоа помага за подобар пласман на целта и подигање на самодовербата.

Се надеваме дека оваа иницијатива во целост ќе ги исполни очекувањата кои би претставувале огромна придобивка на Прилеп и неговата околина.

 Пренесете го Вашето мислење на OPIN

OPIN платформата претставува европска алатка за електронско учество на младите. 
Коалиција на Младински Организации СЕГА започна со имплентација на проектот OPIN во Март 2017, со цел зголемување на младинското електронско учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Прилеп