Оперскиот пејач Андреа Бочели ги изненади фановите со нов видео спот

59-годишниот тенор од Италија Андреа Бочели пред неколку денови го објави својот најнов видео спот за песната “If Оnly”.

Слепиот оперски пејач во видеото го покажува својот живот од неговото раѓање до денес, како тој го гледа со своите очи. Во спотот се појавуваат и неговата сопруга Вероника Берти, неговите синови Амос и Матео и неговата малечка ќерка Вирџинија.

Неговиот најнов албум пристигна како освежување за неговите фанови после 14-годишната пауза.

Андреа Бочели уште од неговото раѓање имал лош вид, а целосно го загубил на 12 годишна возраст.

Неговиот најнов албум е насловен “Si”, а истиот ќе биде пуштен во продажба на 26 октомври.

Во продолжение, уживајте во најновото музичко остварување на Андреа Бочели.