Од аудиција директно во финале на America’s got Talent

На прв поглед срамежливо девојче на 13 години, но со појавувањето на сцената на America’s got Talent, малечката Кортни Хадвин ги привлече сите погледи и неверојатни музички реакции кон себе.

Кортни Хадвин, со само 13 години ги натера судиите да станат на нозе, да и аплаудираат, а најневеројатниот момент беше притискањето на златното копче од страна на Хауи Мандел – кое води директно кон финалните натпревари и влегување во трката за освојување на главната награда од 1 милион долари.

Аудицијата сите ја гледаа со подотворена уста, како судиите, така и гледачите. Сите беа воодушевени од магичната изведба на малечката девојка со огромен талент.

Кортни, на сцената ја изведе Hard to Handle на Otis Redding во енергично издание, иако малечката ѕвезда на прв поглед изгледаше многу срамежлива. Со неа, позади сцената беше нејзиниот татко, кој заедно со нејзината мајка се нејзини најголеми и најверни фанови.

Во продолжение погледнете го неверојатниот настап на малата пејачка: