Нови музички доживувања во НУЦК Марко Цепенков

Нови музички концерти во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп.

На 19.09. и 20.09.2018 ќе се одржат два концерти на:

Октетот Прилеп и на академскиот хор “Мирче Ацев” од Скопје

Октетот Прилеп ќе исполни дел композиции од сопствениот репертоар( Розо моја, Пусти мерак Ратке, Дај ми љубов Трено, Секоја вечер пијам се враќам .. и др.) кои ќе ги пленат посетителите како и многупати досега. Освен тоа ќе бидат испеани и други познати староградски песни.
Гостин на концертот ќе биде Сефедин Бајрамовски.
Октетот Прилеп 24 години ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Работи под покровителство на ЦК„Марко Цепенков“.
Влезници по симболична цена од 50 ден.

За резервации јавете се на телефонот: 078 323 130,  во вторник 18.9. и во среда 19.9. 2018 од 10 до 13 и од 18 до 20 часот.

 

Додека, пак во четврток на 20.09.2018, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи концертот на Академскиот хор “Мирче Ацев” – Скопје.
Концертот ќе се одржи во изложбениот салон на НУЦК Марко Цепенков.
Влезот е слободен.