Нови ЕВС можности во Шпанија!

Се бараат двајца мотивирани волонтери за два ЕВС проекти: ”Youth 4 You!”

Локација: Сиудад Реал – Шпанија

Организација домаќин: NGO Consejoven

Времетраење: 12 месеци (октомври 2018 – октомври 2019)

Краен рок за пријавување: 18 Април 2018

Едниот волонтер ќе ги поддржи младинските активности во Consejoven (проект: Youth 4 You – Consejoven), а другиот волонтер ќе соработува со одделот за мигранти во локалната канцеларија на Црвениот крст (проект: Youth 4 You – Cruz Roja).

Доколку сте заинтересирани за ЕВС поврзан со тема: млади или мигранти од октомври 2018 до октомври 2019, ова би можело да биде Ваш проект!

1 Волонтер за Прокет: Youth 4 You – Consejoven

Опис на проектот:

Бидете водечка сила за младите во Сиудад Реал, Кастила – Ла Манча – земјата на Дон Кихот!

NVO “Consejoven” е младински совет за млади и младински здруженија во Сиудад Реал и околината. Нивната работа се заснова на соработка со бројни младински здруженија, други невладини организации и локалните власти. Волонтерот ќе биде задолжен да им помага во спроведувањето на секојдневните активности во областа на младинското учество и образование, комуникација и односи со јавноста и Промоција на Еразмус+ програмата.

Главни активности на волонтерот:

– да учествува во подготовката и реализацијата на главните активности на организацијата (младински состаноци, настани и работилници)

– одржување на комуникација со локалните младински здруженија и зголемување на видливоста на активностите на “Consejoven”

– неформални проекти и активности организаирани од нашите организации – членки кои работат со деца и млади, вклучувајќи и обесправени групи и малцинства

– промовирање на Еразмус+ програмата (презентации и работилници за волонтирање, информации за млади луѓе кои сакаат да учествуваат на ЕВС проект, помагање во процесот на испраќање и сл.)

– ажурирање на вести и информации на социјалните мрежи и веб- страни (постирање на информации, фотографии и видеата од настаните)

– други активности во организацијата, кои се дел од секојдневната работа.

Во текот на проектот волонтерот ќе може да стекне и други дополнителни вештини (интерперсонални, комуникациски, јазични, познавања за друга култура и слично).

Профил на волонтерот:

– од 18-29 години

 мотивираност

– флексибилност

– мотивиран

– проактивен

– отворен да се запознае и да работи со различни луѓе од различни култури

– да има мотивација за учество и работа на настани, како и организација на истите

– како и да работи и помага во едукација на младите луѓе и деца, вклучувајќи ги обесправените луѓе и малцинствата.

– минимално познавање на Шпански јазик и желба да се научи повеќе

– познавање на Англиски јазик ќе се смета за предност

– искуство во ова поле ќе се смета за предност

Сместување, финанскиска поддршка, патни трошоци

Волонтерот ќе биде сместен во стан заедно со други ЕВС волонтери (своја соба, заедничка бања, изнајмувањето на станот и сметките се покриени од страна на организацијата – домаќин). За храна, месечно, волонтерот ќе добива 150 евра и џепарлак во износ од 150 евра, што е доволно за да ги покрие трошоците во релативно ефтин град, како Сиудад Реал. Исто така, и патните трошоци се покриени од организаторот на проектот (авион, воз, метро, автобус, освен трошоците за такси превоз). Исто така се покриени и можните трошоци за виза.

Обуки за време на проектот:

– почетна обука и ориентациона обука од организацијата – “Consejoven”

– обука при пристигнување и среднорочна евалуација организирана од шпанската Национална агенција Еразмус+

– часови по Шпански јазик (со наставник и онлајн часови)

– различни можности за неформално учење поврзани со активностите на Consejoven

Дополнителни информации:

– апликантите потребно е да приложат доказ за чисто криминално досие (со цел да можат да работат со деца и млади)

– посебно се охрабруваат да аплицираат млади кои се соочуваат со социјални, економоски, географски и други бариери.

1 Волонтер за Проект: Youth 4 You – Cruz Roja

Опис на проектот:

Се бара мотивиран волонтер за ЕВС проект кој ќе се одвива во соработка со локалниот Црвен крст во Сиудад Реал – Шпанија.

Бидете водечка сила за младите во Сиудад Реал, Кастила – Ла Манча – земјата на Дон Кихот!

NVO “Consejoven” е младински совет за млади и младински здруженија во Сиудад Реал и околината. Нивната работа се заснова на соработка со бројни младински здруженија, други невладини организации и локалните власти. Волонтерот ќе биде задолжен да им помага во спроведувањето на секојдневните активности во областа на младинското учество и образование, комуникација и односи со јавноста и Промоција на Еразмус+ програмата.

Оваа година, ЕВС волонтерите на Consejoven оставрија многу добра соработка со Црвениот крст. Во моментов, нивни волонтери соработуваат со Одделот за мигранти на Црвениот крст само со скратено работно време, бидејќи на нивната агенда имаат голем број на активности.

Главни активности:

Во Consejoven:

– волонтерот ќе учествува во општите волонтерски активности на Consejoven, како и во Промоција на Еразмус+ програмата (презентации и работилници за ЕВС)

– часови по Шпански јазик

– сите обуки за Еразмус+ волонтери (за пристигнување, среднорочна евалуација и сл.)

– во првиот месец од ЕВС најчесто активностите на волонтерот ќе бидат во Consejoven додека не добие иницијална обука и ориентација).

Во Црвениот крст:

– волонтерот ќе соработува со адвокатот и други специјалисти кои работат со мигрантите

Во зависност од способностите, знаењето и интересите на волонтерите, конкретните активности ќе вклучуваат:

– истражување на информации за мигрантите (главно истражување за законодавството на земјите од каде потекнуваат мигрантите)

– учество и креирање на работилници за правата и обврските на бегалците

– превод за мигрантите (повеќето од мигрантите зборуваат Француски јазик и имаат многу малку познавање на Англиски и Шпански јазик)

Профил на волонтерот:

– да зборува Француски јазик (со повисоко нивно на знаење со цел да може да им преведува на мигрантите

– минимално познавање на Шпански јазик

– познавањето на Англиски јазик ќе се смета за предност

– да биде заинтересиран за откривање на шпанската култура

– знаење или интерес за теми како што се: човекови права, меѓународни односи, мигранти и нивна интеграција

– волонтерот треба да биде на возраст од 18 до 29 години.

Сместување, финанскиска поддршка, патни трошоци

Волонтерот ќе биде сместен во стан заедно со други ЕВС волонтери (своја соба, заедничка бања, изнајмувањето на станот и сметките се покриени од страна на организацијата – домаќин). За храна, месечно, волонтерот ќе добива 150 евра и џепарлак во износ од 150 евра, што е доволно за да ги покрие трошоците во релативно ефтин град, како Сиудад Реал. Исто така, и патните трошоци се покриени од организаторот на проектот (авион, воз, метро, автобус, освен трошоците за такси превоз). Исто така се покриени и можните трошоци за виза.

Обуки за време на проектот:

– почетна обука и ориентациона обука од организацијата – “Consejoven”

– обука при пристигнување и среднорочна евалуација организирана од шпанската Национална агенција Еразмус+

– часови по Шпански јазик (со наставник и онлајн часови)

– различни можности за неформално учење поврзани со активностите на Consejoven

– обуки во Црвениот крст во однос на работата со мигранти

Дополнителни информации:

– апликантите потребно е да приложат доказ за чисто криминално досие (со цел да можат да работат со мигранти – деца и млади)

– посебно се охрабруваат да аплицираат млади кои се соочуваат со социјални, економоск, географски и други бариери.

Повеќе информации за проектот можете да пронајдете на следниот линк: http://www.consejoven.org/acogida/.

Доколку сакате да бидете дел од некој од овие два ЕВС проекти испратете Ваша кратка биографија и мотивационо писмо на: vcs_contact@yahoo.com, најдоцна до 18 април 2018 година.