НОВА програма за членство на Младински Совет Прилеп

За поголем опфат на младите луѓе како и свој личен и професионален развој, Младински Совет Прилеп нуди програма за членство на млади луѓе кој се заинтересирани за неформални активности како и надоградување и развој на нивните знаења и вештини.

Придобивките од членството во МСП се:
– Можност за учество на Erasmus + интернационалните тренинзи и младински размени
– Можност за учество на семинари и обуки, организирани од страна на МСП и други организации
– Можност за учество и реализација на ЕВС (Европски Волонтерски Сервис)
– Можност за учество и волонтирање во програмските активности на МСП (вклучувајќи го и младинското он-лајн радио PULSE, www.pulseradio.mk )
– Можност за менторска поддршка од страна на МСП  
– Интернационална комуникација со ЕВС волонтери и менторска поддршка и изучување на нивниот јазик
– Можност за учество во промотивни активност (дизајн, веб страна, социјални медиуми)
– Збогатување на професионалната биографија.

За да бидете дел од членството на МСП, апликантот треба да ги исполнува следните услови:
– Да биде на возраст од 15 до 29 години
– Да плаќа редовна годишна членарина во износ од 600 ден.
– Да има барем основно-разговорно познавање на англискиот јазик
– Тимски дух, комуникација со млади од други држави, желба и мотивација за работа
– Поседувањето на претходно волонтерско/работно искуство во Граѓански Сектор, ќе биде во предност на апликантот.

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од членството на Младински Совет Прилеп, потребно е да се пополни пристапница со контакт информации од апликантот која можете да ја најдете на следниот линк:
bit.ly/MSPChlenstvo 

Напомена:
Секој потенцијален член ќе биде дополнително контактиран.


Младински Совет Прилеп (МСП) е здружение на граѓани, основано во 1999 година, која работи во полето на млади. Младински Совет Прилеп ги поддржува младите луѓе во учеството во демократските процеси, овозможувајќи им да прераснат во активни граѓани.

МСП, во 2016 година доби „Трето Ноемвриска“ награда за достигнувањата и успесите во работата со млади во Општина Прилеп.