Нова можност за млади и младински организации: повик за летните кампови YMLP и GLOW!

Со задоволство го објавуваме јавниот повик за учество на врвните лидерски летни кампови GLOW (за девојчиња) и YMLP (за момчиња) кампери од цела Македонија.

Отворени се 152 места за кампери. Благодарение на поддршката од партнерите на проектот, учесниците треба да платат партиципација за учество во износ од само 2.000 денари. Организаторот обезбедува сместување, три оброци во денот, две ужинки, материјали за кампување, трошоци за програмата и групно осигурување за учесниците за време на кампувањето.

Камповите се одлична можност за млади од 9-то одделение до 3-та година во средно училиште, да доживеат традиционален летен камп во американски стил додека учат за лидерство, граѓанска одговорност, екологија, младинска вработливост, личен развој и оспособување на девојките, можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.

Оваа година, YMLP кампот ќе се одвива во периодот од 7-14 јули, додека пак кампот GLOW ќе се одржи од 21-28 јули.

YMLP и GLOW камповите се резултат на одличната соработка помеѓу YMCA Битола и Peace Corps Macedonia.

Во текот на месец април се организираат информативни сесии низ целата држава! Дојдете и научете повеќе за можностите за кампување, учествувајте во дискусиите, информирајте се, споделете ги вашите претходни искуства и сретнете нови пријатели.

Доколку сакате да ја имате најдобрата недела ова лето, аплицирајте веднаш!

Крајниот рок за поднесување на апликации е: 30 април 2018 година. Апликацијата за учество можете да ја најдете на веб страната на YMCA Битола.