Нова ликовна изложба во НУЦК Марко Цепенков

НУЦК Марко Цепенков – Прилеп

31 август 2018 – 13 септември 2018

20:00 часот

Изложба на дела од Александар Џинго

“Александар Џинго пронаоѓа замислени визуелни композиции и креативни идеи во музиката, костимографијата и графиката како повеќегодишен израз. Воопшто, истражува во празниот простор од каде што дејствува и трансформира, за на крај да обликува свои уметнички сцени. Џинго при создавањето на своите дела пристапува кон детална тематска, техничка и естетска анализа. Оттука произлегува структуралниот пристап кога се говори за неговото творештво. 
Неговата интелектуална љубопитност создава препознатлив печат, а тоа е спојот на графичкиот дизајн и ликовната уметност. Авторот се определил за техниката – колаж како процес на експериментирање, кој нуди неочекувани креативни резултати. Основната ликовна синтагма на овие уметнички дела е интеракција на колоритната хармонија и акустичноста на ликовите. Најнеограничената слобода е чистиот уметнички израз. Уметникот се чини дека намерно го прекинува обидот за дијалог на ликовите со публиката, тие одбиваат прашања, не нудат одговори, а изразите на лицата оддаваат рефлексии од сопственото искуство”…

– дел од текстот на Оливера Богатиноска