Нова изложба на Анѓел Димовски Чауш во НУЦК „Марко Цепенков“

Од 24 Ноември до 08 Декември 2017 година, во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“, ќе се одржи изложбата „Антропоморфен и зооморфен имагинариум“ од Анѓел Димовски Чауш.

На изложбата „Антропоморфен и зооморфен имагинариум“ ќе бидат презентирани скулптури, цртежи, објекти.

Творештвото на Анѓел Димовкси – Чауш е импресивно, во кое е присутна основаната идеја и мотив на неговите преокупации и личниот ументички ракопис. Тој подеднакво се интересира за различните медиуми и изразни ликовни дисциплини, но скулптурата изработена во различни материјали останува негова примарна одредница.

Во скулптуралното творештво на Димовски е силно истакнато неговото чуство за монументалност и за него идејата за скулптура е идеја за монументалност.