Неделен репертоар на НУЦК Марко Цепенков

Оваа недела НУЦК Марко Цепенков нуди широк репертоар на културни активности за својата ценета публика.

Од 25.09.2018 до 30.09.2018 во Ликовниот Салон на НУЦК Марко Цепенков ќе се одржи изложба: “Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан”. 

Изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан “ е дизајнирана 2017 година, а куратор е Едвард Серота, директор на Центропа
Изложбата, преку приказни, го отсликува 20 век прикажан преку пет интервјуа на Центропа од Западен Балкан.

Додека пак, Клубот на литературни творци Прилеп во соработка со “Босоногата по патот на светлината” на 25 септември организира хуманитарна Поетска вечер, со читање поезија и продажба на книги.
Книгите ќе бидат изложени во 17 ч./ пред фоајето од Центарот .
Поетскиот настан започнува во 18 чaсот.

Киното Мис Стон пак нуди интересна програма со ревија на европски филм и тоа:

„Центарот на мојот свет“ режија Јакоб Евра – 27.9.2018 – 20.00 часот
„Голијат“ режија Доминик Лохер, -28.9.2018 – 20.00 часот

Реализатор – Асоцијацијата на филмски професионалци и тв соработници – АФП на Македонија во рамките на манифестацијата НОВ КУЛТУРЕН БРАН.