Најдобрите летни музички фестивали во Европа

Летото е еден од најубавите периоди во годината. Тоа се моменти исполнети со забава, музика и дружење. Секој има различен вкус за музика, но неоспорен е фактот дека помеѓу една толпа на луѓе полна со насмевки, релаксираност и весели доживувања невозможно е да не си поминете убаво.

Во продолжение ви предлагаме неколку од најдобрите европски летни музички фестивали кои можете да ги посетите и да се препуштите на моментот, водејќи ве љубовта кон музиката.

Download Festival 8-10 јуни – Дарби, Англија

Еден од најпознатите рок/метал музички фестивали е Download Festival во Англија. На едно место можете да ги видете и слушнете едни од најголемите светски музички имиња на пејачи и бендови како: Ози Озборн, Мерлин Менсо, Guns ‘N’ Roses и други. Во продолжение погледнете дел од овогодинешната атмосфера.

Ultra Europe 6-8 јули – Сплит, Хрватска

Ultra Europe претставува еден од најдобрите фестивали за електронска музика на територијата на поранешна Југославија, а се одржува од 6-8 јули во Сплит (Хрватска). На годинешниот фестивал, посетителите и љубителите на електронската музика ќе имаат можност да ги слушнат на едно место Дејвид Гета, Армин Ван Бурен, Карл Кокс и многу други светски познати диџеи. Во продолжение погледнете ја атмосферата од претходното издание во неколку минути.

EXIT Festival 12-15 јули – Нови Сад, Србија

Едно од најголемите европски и светски шоуа е музичкиот фестивал Exit, кој секоја година во јули се одржува во Нови Сад, Србија. Ова е еден од најпосетените музички фестивали од страна на Македонците. Дел од изведувачите на овогодинешниот фестивал се: Мартин Гарикс, Дејвид Гета, Grace Jones, Migos, Nina Kraviz, Alice Merton и други. овој фестивал ви нуди четиридневна дружба со едни од најголемите светски музички имиња. Во продолжение ви претставуваме дел од минатогодишната музичка атмосфера.

Mad Cool Festival 12-14 јули – Мадрид, Шпанија

Доколку сеуште не знаете каде да го доживеете своето најубаво летно музичко искуство, Mad Cool Festival во Шпанија е вистинскиот избор за вас. Годинава на фестивалот ќе имате можност да слушнете некои од најголемите европски и светски музички фаворити како: Depeche Mode, Queens Of The Stone Age, Pearl Jam, Arctic Monkeys, EELS, Lali Puna, The White Buffalo, James Bay и Jack White. Во продолжение уживајте во after movie од музичкото издание од 2017.