Најголемите хитови на Spice Girls и Џери Халивел

Џералдин Естел Халивел, позната како Џери Халивел и екс ѕвезда на еден од најпознатите женски бендови Spice Girls е родена на 06. август 1972 година во Велика Британија – Ветфорд.

 

Џери Халивел ја достигна својата светска слава како дел од бендот Spice Girls во која беше член од 1994 година, а во 1999 година се прослави и како соло пејачка. Таа ја напушти групата во 1998 година, но им се придружи повторно на светската турнеја која тие ја имаа заедно во 2007 година.

Групата Spice Girls беше формирана во 1994 година, на аудиција од издавачката куќа Virgin Records, заедно со Викторија Бекам, Мелани Чиз, Мелани Браун, а подоцна им се придружи и Ема Бантон. Нивната светска слава ја достигнуваат во 1996 година, со нивниот прв сингл Wannabe. Истата година го промовираа и нивниот прв албум Spice и четири синглови – Say You’ll Be There, 2 Become 1, Mama и Who Do You Think You Are.

 

Првиот соло албум на Џери Халивел Schizophonic излезе во 1999 година. Заедно со соло кариерата, Џери направи и некои промени во изгледот. Нејзиниот прв сингл Look At Me го достигна првото место на британската музичка листа. Поголем успех достигна нејзиниот втор сингл Mi Chico Latino, кој се најде на првото место на британската топ листа, но и многу други светски музички топ листи. Нејзиниот втор соло албум  Scream If You Wanna Go Faster излезе во 2001. Првиот сингл It’s Raining Man е преработка на песна од бендот Weather Girls од 1983 година.

Во 2002 година, таа учествуваше како судија во емисијата Popstars: The Rivals, a истата година се појави и како судија во американското реално шоу – All American Girl. Во 2004 година беше дел од серијата Сексот и Градот. На крајот на 2004 година, повторно се врати на музичката сцена со нејзиниот албум Passion.

Во продолжение уживајте во најголемите музички хитови на Spice Girls и Џери Халивел.

1. Wannabe – Spice Girls

 

2. Spice Up Your Life – Spice Girls

 

3. It’s Raining Man – Geri Halliwell

 

4. Mi Chico Latino – Geri Halliwell

 

5. Desire – Geri Halliwell