Најголемите хитови на Max George

Max George е британски пејач, текстописец и актер, роден во Манчестер на 06 септември 1988 година.

Max е познат како основач и вокалист на бендот The Wanted. Во 2013 година тој беше дел од англиското реално шоу The Wanted Life.

Неговата кариера ја започнал како фудбалер кој играл за Preston North End. После една негова повреда, тој одлучил да престане да се занимава со фудбалот и започнал музичка кариера.

Во 2005 година тој станал дел од бендот Avenue. Во 2006 година, бендот беше дел од шоуто The X Factor. Во 2008 година, бендот Avenue го издаде својот прв сингл: Last Goodbye.

Во 2009 година, Џорџ стана дел од бендот The Wanted, за кој беше избран на аудиција. Нивниот дебитантски албум е: All Time Low, кој дебитираше како Број 1 на UK Singles Chart.

Од 3 јули 2018 тој стана соло пејач, а неговата прва песна е: Barcelona.

Во продолжение слушнете ги најголемите хитови на Max George:

1. Barcelona – Max George

 

2. Glad You Came – The Wanted

 

3. Chasing The Sun – The Wanted

 

4. All Time Low – The Wanted

 

5. We Own The Night – The Wanted