Најголемите хитови на Bebe Rexha

Bleta “Bebe” Rexha е американска пејачка, текстописец и продуцент. Таа е родена на 30 август 1989 година.

Од своето раѓање таа живее во Бруклин, Њујорк. Нејзиниот татко  е албанец роден во Дебар, Р. Македонија.

Нејзините најголеми музички хитови се: “Meant To Be”, “Me, Myself & I”, “In The Name of Love” и др.

Bebe ја стекнала својата слава со учеството во голем број на мјузикли, како што се: “Hello Dolly” и “Jesus Christ Superstar”. Во 2013 година, таа го напишала големиот хит на Ријана и Еминем: “The Monster”. Помеѓу другите таа напишала и некои од хитовите на Селена Гомез и Ник Џонас.

Во 2013 година, Bebe потпишала договор за музичка соработка со Warner Bros Records. На 21 март 2014, таа го издала својот дебитантски сингл: “I Can’t Stop Drinking About You”. Во декември истата година, таа издала уште два нови музички синглови: “I’m Gonna show You Crazy” и “Gone”.

Во јануари 2015 година, таа ја напишала и ја сними: “Me, Myself & I” заедно со G-Eazy’s.

Некои интересни факти за Bebe Rexha:

1. Bebe Rexha беше дел од хитот на David Guetta: “Hey Mama”.

2. Додека Bebe била во основно училиште, 9 години свирела на трумпет, а потоа научила да свири и на гитара и пијано.

3. Во периодот кога таа била во средно училиште, пеела и во училишниот хор.

4. Кога била тинејџерка, Bebe аплицирала со песна во Националната Агенција за музика и уметност за настанот: “Grammy Day”. Таа ја добила наградата “Best Teen Songwriter”, во конкуренција од 700 други песни.

5. Bebe исто така го напишала и хитот на Cash Cash: “Take Me Home” во 2013 година.

Во продолжение слушнете ги најголемите хитови на Bebe Rexha:

1. I’m A Mess – Bebe Rexha

 

2. Knees – Bebe Rexha

 

3. Meant To Be – Bebe Rexha feat. Florida Georgia Line

 

4. I Got You – Bebe Rexha

 

5. Me, Myself & I – G-Eazy & Bebe Rexha