Најголемите хитови на канадската поп ѕвезда Shawn Mendes

Шон Питер Раул Мендес, попознат како Шон Мендес е роден на 08.август 1998 година во Торонто, Онтарио. Канадскиот пејач и текстописец стана познат во 2013 година, кога започна да става видеа на апликацијата Вајн.

Во 2014 година, Шон склучи договор за соработка со дискографската куќа Island Records.

Неговата песна Stitches достигна до Топ 10 во Америка и Канада, но и прво место на топ-листата во Велика Британија.

Пејачот ја стекна својата популарност со поставувањето на видеа на познатата друштвена апликација за споделување видеа Вајн, каде поставуваше кавери на песни со времетраење од 6 секунди и имаше над милион прегледи и исто толку следбеници за само неколку месеци.

Својот прв сингл Life Of The Party го објави во јуни истата година. Со тоа стана најмладиот пејач која дебитираше во Топ 25 на Билборд 100 листата. Пред да склучи договор со Island Records, Шон беше дел од турнејата на MagCon Tour, заедно со други млади уметници.

На 14 април 2015 година, Шон го објави својот деби албум Handwritten кој достигна прво место на Билборд 200 листата и продал 106.000 копии во првата недела од издавањето на албумот. Најуспешен сингл од албумот му е песната Stitches.

Албуми:

  • Handwritten (2015)
  • Illuminate (2016)
  • Shawn Mendes (2018)

Интересни факти за Шон Мендес:

Дали знаете дека…?

1.Второто име Шон Питер Раул Мендес го добил од неговиот татко, кој по потекло е Португалец.

2. Во училиште тој сакал да игра хокеј на мраз и фудбал.

3. Тој свири пијано и гитара.

4. Пред да стане пејач, Шон сакал да биде глумец.

5. Шон е најмладиот пејач по Џастин Бибер кој има Бр. 1 Албум.

6. Шон започнал да свири гитара од 13 години, учејќи преку видеа објавени на youtube.

7. Првиот концерт, Шон го имаше на 26ти октомври 2013 година.

8. Единствен јазик кој Шон го зборува добро е англиски јазик.

9. Шон обожава да јаде житарици и може да јаде три пати побрзо од секое нормално човечко суштество.

10. Шон сака пливање, но мрази длабока вода.

Во продолжение уживајте во најголемите хитови на Shawn Mendes:

1.Nervous – Shawn Mendes

 

2. There’s Nothing Holdin’ Me Back – Shawn Mendes

 

3. Stitches – Shawn Mendes

 

4. Treat You Better – Shawn Mendes

 

5. Mercy – Shawn Mendes