Најголемите музички хитови на рок ѕвездата Kate Bush

Catherine “Kate” Bush е една од најголемите рок музички ѕвезди со потекло од Велика Британија. Таа е текстописец, музичар, танчерка и музички продуцент. Родена е на денешен ден – 30. јули 1958 година.

На само 19 години таа го зазеде местото бр. 1 на британските топ листи за нејзиниот дебитантски, авторски сингл “Wuthering Heights” и со тоа Кејт стана првиот женски изведувач во Велика Британија која се задржа на врвот четири недели. Исто така, таа има дури 25 хитови кои се наоѓаат на Топ40 листата на сите времиња за Велика Британија. Дел од нејзините хитови се: “The Man with the Child in his Eyes”, “Babooshka”, “Running Up That Hill”, “Don’t Give Up” (дует со Peter Gabriel) и “King Of The Mountain”.

Кејт има издадено 10 студиски албуми, кои секогаш биле дел од UK Top 10, а во нив спаѓаат и “Never For Ever”, “Hounds Of Love” и компилацијата “The Whole Story” кои го достигнаа врвот на UK Top 10 неколку години по ред.

Познатата пејачка 13 пати била номинирана за British Phonographic Industry признанија, а во 1987 година ја добила наградата за Најдобар Британски женски артист. Три пати била номинарана за Grammy Awards. Во 2002 година таа доби признание и Ivor Novello Award за голем придонес кон развојот на британската музика. Буш е назначена за Commander of the Order of The British Empire во 2013 година за услуги од музиката.

Кејт  е во брак со гитаристот Dan McIntosh.

Интересни факти за песните на Кејт Буш:

1. Кејт Буш е родена на 30 јули, исто како и познатата писателка Емили Бронте, авторот на “Wuthering Heights”.

2. Во 2010 година, првото момче на Кејт, Steve Blacknell ги известил Daily Mail дека песната: “The Man with the Child in his Eyes” е напишана за него. Парот беше заедно во 1975, кога Blacknell работел како чистач на тоалети, со амбиции да стане DJ. Тој рекол:” Таа сака да биде светска музичка ѕвезда, а јас ќе бидам DJ. Еден ден јас ќе ја претставам како Top of The Pops”.

3. Текстот за песната “Babooshka” зборува за жена која ја тестира лојалноста на нејзиниот маж, која на крај доведува до параноја. Идејата за текстот на песната е од филм – драма кој се емитувал на BBC кога таа била дете. Насловот на песната е земен од рускиот збор “Babooshka” кој во превод значи “баба”.

4. Песната “Running Up That Hill”, првично имала наслов: “A Deal with God”, но била преименувана бидејќи нејзиниот менаџер сметал дека радио станиците нема да сакаат да пуштаат песна која во насловот го содржи зборот: “God”. Тоа беше најголемиот хит на Кејт во САД.

5. Цртежот на cover-от за песната “King Of The Mountain” беше нацртан од нејзиниот 8-годишен син, Берти.

Во продолжение уживајте во најголемите музички хитови на Кејт Буш.

1. Running Up That Hill – Kate Bush

 

2. Babooshka – Kate Bush

 

3. The Man with The Child in His Eyes – Kate Bush

 

4. Wuthering Heights – Kate Bush

5. King Of The Mountain – Kate Bush