Најголемите музички хитови на метал ѕвездата M. Shadows

Matthew Charles Sanders, попознат како M. Shadows е американски пејач, композитор и музичар. Тој е познат како вокал, композитор и создавач на Американскиот heavy – metal бенд Avenged Sevenfold.


Во 2017 година, M. Shadows беше трет во Top 25 листата на најголеми модерни фронтмени, која ја прави Ultimate Guitar.

M. Shadows е роден на 31. јули 1981 година и денес полни 37 години. Тој започнал да се занимава со пеење уште од рана возраст, но неговиот интерес за рок и метал музика започнало малку подоцна кога свирел гитара. Неговите музички почетоци започнале со свирење на пијано.

Бендот Avenged Sevenfold е формиран во 1999 година. Првите членови на бендот биле: M. Shadows (основач на бендот), Zacky Vengeance, The Rev и Matt Vendt.

Досега Avenged Sevenfold имаат издадено 8 студиски албуми и тоа: “Sounding the Seventh Trumpet” (2001), “Waking the Fallen” (2003), “City of Evil” (2005), “Avenged Sevenfold” (2007), “Live in the LBC & Diamonds in the Rough” (2008), “Nightmare” (2010), “Hail to the King” (2013) и “The Stage” (2016).

Во продолжение уживајте во најголемите хитови на M. Shadows и Avenged Sevenfold.

1.Nightmare – Avenged Sevenfold 

 

2. Hail to the King – Avenged Sevenfold

 

3. Buried Alive – Avenged Sevenfold

 

4. So Far Away – Avenged Sevenfold

 

5. Afterlife – Avenged Sevenfold