Концерт во НУЦК Марко Цепенков

НУЦК Марко Цепенков – Прилеп повторно има нови музички изненадувања за својата поширока публика.

На 04.10.2018 (четврток) со почеток во 19.00 часот во Ликовниот салон на НУЦК Марко Цепенков

ќе се одржи концерт на дуо пијано, во изведба на извонредните пијанисти

Христина Никоска и Денис Најдоски.

На концертната програма ќе бидат изведени музичките дела на Петар И. Чајковски, А. Дворжак и А. Качатуријан.