Коалиција СЕГА има потреба од практикант на определено време

Коалиција на младински организации СЕГА објавува
ЈАВЕН ПОВИК за практиканство
Согласно со активните мерки од оперативниот план за вработување на Владата на Република Македонија во проектот “Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени” кој е имплементиран од АВРМ, во Поткомпонента 1.1 “Практиканство како поддршка за вработување на млади лица до 29 години”, Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за едно место за практиканство за времетраење од 3 месеци:
Работна позиција:
• Помошник на ЕВС* координатор
Придобивки од практиканството за кандидатот:
• Месечен надомест за практиканство во износ од 6.261,00 денари, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и персонален данок на доход
Практикантот ќе се стекне со следните знаења и вештини:
• Подобрување на комуникациски вештини
• Подобрување на англискиот јазик (говорни и пишани вештини)
• Подобрување на компјутерски вештини
• Раководење со техничка опрема
Потребни квалификации:
• Млади евидентирани невработени лица до 29 години, активни баратели на работа, кои претходно немаат работно искуство односно претходно немаат засновано работен однос, и кои досега немаат учествувано во програмата за практиканство
• Минимум средно образование
• Познавање на англиски јазик (напредно ниво) и компјутери
• Напредни компјутерски вештини (дизајн, веб, социјални мрежи) ќе се сметаат за предност
Задачи и одговорности на практикантот:
Координација на ЕВС волонтери:
• Да ги запознае волонтерите со културата, традицијата, начините на живот во Македонија;
• Да организира дневни состаноци за планирање на работата на волонтерите;
• Помош и поддршка во реализацијата на активностите на волонтерите;
• Административна и техничка поддршка за време на престојот на волонтерите;
• Да го следи личниот и професионален развој на волонтерите;
• Редовно да контактира со ЕВС координаторот;
• Подготовка на дневни извештаи и доставување до ЕВС координаторот;
• Минимум еднаш неделно да остварува индивидуални неформални средби со волонтерот за негова поддршка
 
Поддршка на работата на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА:
• Поддршка во спроведување на активности на локално ниво
• Прибирање на информации корисни за младите луѓе од општина Прилеп
• Помош во пишување на месечни извештаи  
Опционално (во зависност од способностите):
• Дизајн на публикации, флаери и брошури
• Администрирање на веб страни
• Унапредување на примената на социјалните мрежи во информирање на младите.
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати за практиканти може да аплицираат најдоцна до 25.05.2017 (четврток), до 12:00 часот преку испраќање на свое CVи мотивационо писмо на е-маилот:  aplikacija@sega.org.mk со назнака: APLIKACIJA ZA PRAKTIKANTSTVO.
*ЕВС – Европски Волонтерски Сервис