Нов дизајн за поголема препознатливост – ИА Скопје

Аеродромската администрација реагираше на жалбите од патниците на Скопскиот аеродром. Странските државјани, кои по различни основи ја посетуваа Република Македонија преку Интернационалниот Аеродром Скопје, сега ќе имаат можност полесно и побрзо да го најдат посакуваниот автобуски превоз од и до центарот на Скопје. 

Целта на оваа идеја е полесното препознавање на автобусите кои се обраќаат од и кон аеродромот на веќе поставените станици. Натписите на Англиски Јазик, како и логоата на едни од најпознатите и најкористените авионски компании, ќе придонесат кон поедноставување и зголемување на препознатливоста.

Според изјавата на генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, кој вели: „Во 2018 очекуваме слично зголемување на бројот на патници, како што имавме и досега, но како што знаете, надворешните фактори имаат сериозен ефект врз бројот на патници и летови. Со сегашната мрежа од 36 дестинации од аеродромот во Скопје и моменталното темпо на раст на побарувачката за воздушниот транспорт, очекуваме дека во текот на есента 2018 година на скопскиот аеродром ќе го дочекаме 2-милионитиот патник“, овие нови напредувања ќе ни овозможат задоволување на бројот на патниците како и зголемување на нивното задоволство од страна на усложливоста на Скопскиот Аеродром. 

За повеќе информации, можете да ја посетите веб страната на Интернационален Аеродром Скопје, како и полазните станиции и временската рамка: