Интересни факти од светот на музиката

Различните стилови на музика заедно со себе постојано носеле многу музички имиња кои и ден денес не се забораваат.

Светот на музиката секогаш е интересен за нас, како поради музичките хитови кои се редат низ годините, така и заради светски познатите музичари, пејачи, артисти и нивните животи исполнети со знимливи настани кои не остануваат незабележани како од страна на нивните фанови, така и за будното око на новинарите.

Во продолжение, ви нудиме интересни факти кои го обележале светот на музиката, а секако оставиле неизбришлива трага во нашите спомени.

Дали знаевте дека…?

1. Елвис Присли пред да ја започне музичката кариера бил камионџија.
Во почетоците кога почнал да се занимава со музика, неговите пријатели го советувале да му остане верен на камионот и да продолжи да вози, но за среќа тој ги игнорирал тие совети.

2. Пред да почне да се занимава со музика, Елвис Костело работел како компјутерски оператор во фабрика за козметика.

3. Ријана за време на средношколските денови била воен кадет.

4. Моцарт не одел на училиште.
Моцарт пишувал музички ноти, уште пред да научи како да пишува зборови и бројки. Потоа пројавил голем интерес во областа на математиката. На 4-годишна возраст, Моцарт за половина час учел по една цела партитура.

5. Песната на Кеша “Tik-Tok” е продадена во повеќе копии од било која песна на големите Битлси.

6. Современата виолина е направена од 70 различни парчиња дрво, а најмалата виолина е долга 37 милиметри.

7. Рекордот во брзина на свирење на виолина е поставен во делото “Бумбаровиот лет” од Николај Римски Корсаков. Целото дело било отсвирено за 1 минута и 6,56 секунди, или поточно биле свирени 13 ноти во една секунда.

8. Пијаното Стенвеј на кое Џон Ленон ја напиша популарната Imagine, беше ставено на продажба во 2000 година. Пијаното го купи лично Џорџ Мајкл за 1,4 милиони долари, кое потоа го подари на музејот направен во чест на Битлси во Ливерпул.

9. На својот прв албум (“For You”), Принс свирел на дури 27 музички инструменти.

10. Усната хармоника е најпродаваниот музички инструмент во светот.

11. Поимот DJ (disk jockey) за прв пат е употребен 1937 година.

12. Албумот на Pink Floyd “Dark Side of the Moon” останал дури 14 години на врвот на “Top 200 Billboard charts”.

13. Во 1984 година, Арета Френклин била тужена затоа што го прекршила договорот така што не настапила на отворањето на Бродвеј. Причината била стравот од летање.

14. Хитот “All About That Bass”, првично бил напишан за Бијонсе.

15. Адел е една од најголемите фанови на Spice Girls, за кои што и самата вели дека ја направиле и и помогнале да биде она што е денес.

16. Скарлет Јохансон била инспирација за Кејти Пери да ја напише “I Kissed a Girl”.

17. Иако одамна се разделија, секоја година Битлси продаваат повеќе албуми од Ролинг Стоунс.

18. Музичката телевизија MTV започнала да се емитува на 1 август 1956 година, точно на пладне. Соодветно на тоа, првиот спот кој се емитувал на MTV бил спотот за песната Video killed the radio star.

19. Првото доделување на Греми наградите било одржано во 1959 година. За песна на годината била прогласена песната Volare на Доменико Модуњо.

20. Најголемата диско топка има дијаметар од 2,4 метри и тежи 137,89 килограми.