Интересни факти и најголемите хитови на Мајкл Џексон

Мајкл Џозеф Џексон беше роден на 29 август 1958 година. Тој беше американски музичар, танчер, текстописец и филантроп. Тој е познат како “крал на поп музиката”.

Според Гинисовата книга на рекорди Џексон беше признат како најуспешен забавувач на сите времиња. Неговиот придонес кон музиката, танцот и модата, заедно со приватниот живот пропратен од силен публицитет, го направиле глобална фигура во популарната култура повеќе од четири децении.

Tој дебитирал на професионалната музичка сцена, заедно со неговите браќа, како член на групата The Jackson 5 во средината на 60-тите, и ја започнал својата соло кариера во 1971 година. Во раните 1980-ти, Џексон станал доминантна фигура во популарната музика. Музичките спотови за своите песни, вклучувајќи ги Beat_It Beat It, Billie Jean и Thriller, се кредитирани со трансформирање на медиум во уметничка форма и промотивна алатка, а популарноста на овие видеа помогнало да се донесе релативно нов телевизиски канал на славната МТВ. Видеата од песните Black or White и Childhood Scream го искачиле на врвот на листите на MTV во 1990-тите. Преку сценски изведби и музички спотови, Џексон популаризира голем број на техники за танц, како робот и одење по месечина. Неговиот специфичен музички звук и вокален стил имале влијание кај многу хип хоп, поп, и рок изведувачи.

Албумот на Џексон “Трилер” (1982) е најпродаван албум на сите времиња. Неговите други албуми, како Off the Wall, Bad, Dangerous и HIStory, исто така се рангираат меѓу најпродаваните музички материјали на светот. Џексон е еден од ретките уметници што бил примен во Куќата на Славните на Рокенролот двапати. Тој исто така бил примен во Куќата на славата за автори и песни. Некои од другите негови многубројни достигнувања се вклучени во списокот на Гинисовите рекорди, вклучувајќи ги 13 Греми награди; 26 Греми награди за животно дело (повеќе од било кој друг уметник, вклучувајќи ја и наградата Уметник на векот) а освен тоа има продадено над 750 милиони албуми низ целиот свет. Џексон добил стотици награди, кои го направиле еден од најнаградуваните музичари во историјата на музиката. Тој исто така бил значаен хуманитарист и филантроп, донирајки стотици милиони долари за добротворни цели и поддржувајки повеќе од 39 хуманитарни организации.

Интересни факти за Мајкл Џексон:

  1. Кога Мајкл Џексон ги слушнал неговите песни од албумот “The Jackson 5”, тој самиот за себе рекол дека звучи како да пее Minnie Mouse.
  2. Неговиот прв настап бил на 5 години, каде што настапил со песната: “Climb Every Mountain”.
  3. Албумот “Thriller” се задржал на врвот на Billboard 200 топ листата, неверојатни 122 недели.
  4. Неговата омилена кујна била мексиканската. Burrito и taco било она што го правело среќен и задоволен.
  5. Мајкл Џексон има две ѕвезди на холивудската патека на славните, едната е за него, а другата е за албумот “Jackson 5”.
  6. Во 1984 година, тој добил дури 8 Греми награди. Тоа е најголемиот број на освоени награди од личност кога и да било на оваа церемонија.
  7. Кога бил дете, неговиот омилен лик од цртаните филмови бил Пинокио.
  8. После потпишувањето на 5 милионски договор со Пепси – Кола, бил повреден неколкупати за време на снимањето на реклама. Тоа предизвикало изгореници на неговото лице. Тоа било почетокот на пластичните операции кои тој ги направил на себе.
  9. Мајкл и Џенет Џексон го направиле најскапиот видео спот во историјата на музиката, за песната: “Scream”, кој чинел 7 милиони долари.
  10. Мајкл бил голем фан на комедиите, посебно на “The Three Stooges”.

Во продолжение уживајте во најголемите хитови на Мајкл Џексон:

1. Thriller – Michael Jackson

 

2. Smooth Criminal – Michael Jackson

 

3.  You Are Not Alone – Michael Jackson

 

4. The Way You Make Me Feel – Michael Jackson

 

5. Heal The World – Michael Jackson