Интересни факти и најголемите музички хитови на Роби Вилијамс

Роберт Питер Роби Вилијамс е роден на 13 февруари 1974 година. Тој е англиски пејач – текстописец, вокален тренер и повремен актер. Тој беше член на групата Take That.

Вилијамс се прослави со првото појавување на групата Take That во почетокот и средината на ’90 – те години. По многу недоразбирања со менаџерскиот тим и одредени членови на групата, Вилијамс ја напуштил групата во 1994 год. и започнал своја соло кариера. На 15 јули 2010 год. беше објавено дека тој повторно се вратил во Take Тhat и дека групата има намера да издаде нов албум во ноември 2010.

Вилијамс има продадено повеќе од 55 милиони плочи низ светот. Тој е најдобро продаваниот британски соло изведувач во Велика Британија и најдобро продаваниот нелатино изведувач во Латинска Америка. Дури шест од неговите албуми се наоѓаат помеѓу првите 100 најпродавани албуми во Велика Британија. Тој исто така беше почестен со петнаесет BRIT Awards (Британски музички награди) повеќе од било кој друг изведувач, како и со седум ECHO Awards. Во 2004 год. тој беше примен во музичката хала на славните на Велика Британија откако бил изгласан за ,,најдобар изведувач на ’90-тите”.

Вилијамс има продадено повеќе албуми во Велика Британија од било кој друг британски соло изведувач во историјата и досега има добиено повеќе британски награди од сите други изведувачи. Продажбата на неговите албуми е над 57 милиони копии низ целиот свет. Вилијамс влезе во Гинисовата книга на светски рекорди откако беа продадени 1,6 милиони билети во еден ден за неговата најавена светска турнеја за 2006 год.

Му беа доделени многу награди вклучувајќи шеснаесет BRIT и седум ECHO награди. Во 2004 год. беше примен во Британската музичка хала на познатите откако беше изгласан за најголем изведувач на ’90-тите.

Вилијамс ја доби наградата за исклучителен придонес во британската музика на 16 февруари 2010 год. и на крајот на церемонијата изведе мешавина од неговите најголеми хитови како Let Me Entertain You, No Regrets, и Angels.

Интересни факти за Роби Вилијамс кои можеби досега не сте ги знаеле:

  1. Името на Роби Вилијамс се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди и тоа токму поради тоа што продал 1.6 милиони билети за неговата турнеја Close Encounters во еден ден.
  2. Роби Вилијамс има искуство и во хортикултурата. Тој одгледува цеќиња и аранжира разни свечености.
  3. Тој добил возачка дозвола на 41 година.
  4. Роби се пријавил на аудиција за бендот Take That бидејќи неговата мајка му кажала да го направи тоа.
  5. Тој платил 1.5 милиони фунти за да го напушти бендот Take That во 1995 година, што е многу повеќе од износот кој тој го има заработено за време на настапите со бендот.
  6. На 16 години се придружил на бендот Take That.
  7. Роби Вилијамс имал врска со Камерон Дијаз.
  8. Тој обожава да вози ролери, а грицкањето нокти му е најголема маана.
  9. Песната Rock DJ е напишана во 15 минути, а нејзиниот текст нема апсолутно никакво значење.
  10. Пред да престане со пушењето, Роби пушел по околу 60 цигари дневно, се до 2009 година.

Во продолжение уживајте во најголемите хитови на Роби Вилијамс:

1. Angels – Robbie Williams

 

2. Candy – Robbie Williams

 

3. Feel – Robbie Williams

 

4. Go Gentle – Robbie Williams

 

5. Love My Life – Robbie Williams