Интересни факти за фронтменот на Def Leppard – Joe Elliott

Joe Elliott – англиската рок ѕвезда и фронтмен на групата Def Leppard е роден на 01. август 1959 година. Тој е пејач, текстописец и композитор. Тој исто така бил пејач во бендот на David Bowie – The Cybernauts.

Joe Elliott има соработувано со едни од најголемите светски музички имиња, како: Freddie Mercury, Alice Cooper, Mick Ronson, Ian Hunter и David Bowie. Славниот пејач има работено и на многу други надворешни проекти како автор на песни, од кои посебно познати се: албумот на еден од пејачите на Rolling Stones – Ronnie Wood (Slide on This), на Lori Spree – Those Faces и Ricky Warwick – The Almighty.

Бендот Def Leppard е основан во 1977 година во Велика Британија, како дел од големиот бран на heavy метал-от. Joe Elliott е еден од основачите на бендот со огромна светска слава.

Бендот ги има издадено следниве албуми: “On Through The Night” (1980), “High ‘n’ Dry” (1981), “Pyromania” (1983), “Hysteria “(1987), “Adrenalize” (1992), “Slang” (1996), “Euphoria” (1999), “X” (2002), “Yeah!” (2006), “Songs from the Sparkle Lounge” (2008) и “Def Leppard”  (2015).

Дали знаевте дека..?

1. Бендот Def Leppard произлегол од бендот  Atomic Mass, a Joe Elliott имал само 18 година, кога се пријавил на аудиција за член на бендот – како гитарист. За време на аудицијата, членовите на бендот одлучиле дека Елиот е подобар вокал, отколку гитарист.

2. Елиот му предложил на бендот Atomic Mass, да го променат своето име. Тој имк предложил да се викаат “Deaf Leopard”, но Kenning сугерирал дека е подобро да се викаат Def Leppard, за да изгледаат помалку punk rock. Името на бендот, исто така е поврзано со името на бендот – Led Zeppelin.

3. Првиот концерт на Def Leppard се одржил во 1978 година, во сала во Гимназија во нивното родно место – Sheffield. На концертот присуствувале само 6 луѓе.

4. Спотот за песната: “Bringin’ on the Heartbreak” е еден од првите рок спотови кој бил прикажан на MTV во 1982 година.

5. Def Leppard е еден од неколкуте рок бендови кои продале над 10 милиони примероци од 2 нивни студиски албуми во САД.  Тоа се албумите: “Pyromania” (1983) и “Hysteria” (1987).

Во продолжение уживајте во најголемите хитови на Joe Elliott и Def Leppard:

1.Hysteria – Def Leppard

 

2. Lets Get Rocked – Def Leppard

 

3. Love Bites – Def Leppard

 

4. Pour Some Sugar on me – Def Leppard

 

5. Women – Def Leppard