Интересни факти за музичката легенда Whitney Houston и нејзините најголеми музички хитови

Витни Елизабет Хјустон (09.август 1963 – 11.февруари 2012) била американски изведувач, актерка, продуцент и модел. Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди и оддаде признание за најнаградуван женски изведувач на сите времиња. Таа беше една од најнаградуваните и најдобро продаваните музички артисти, со продадени над 200 милиони албуми, песни и видеа ширум светот.

Таа имаше издадено шест студиски албуми, еден празничен албум и три албуми со песни за филмови. Преминот на Хјустон на популарните музички топ листи, како и нејзиното истакнување на MTV, започна со нејзиното видео за “How Will I Know”. Витни Хјустон е единствениот женски изведувач кој седум пати едноподруго била на местото број 1 на Billboard Hot 100 Hits. Таа е вториот изведувач после Елтон Џон и единствениот женски изведувач што освоил две најдобри награди на Billboard 200 албум наградите. Деби албумот од 1985 година, стана најдобро продаваниот деби албум од страна на женски изведувач во времето на неговото издавање.

Првата актерска улога на Витни беше во долгометражниот филм “The Bodyguard” во 1992 година. Оригиналната музика на филмот победи на Греми наградите за најдобар албум на годината во 1994 година. Неговата музичка нумера “I Will Always Love You” стана најпродаваниот сингл од женски изведувач во музичката историја. Овој албум ја направи Витни Хјустон прв изведувач што продал повеќе од милион копии од албум во период од една недела под Nielsen Soundscan System.

Албуми:

  • Whitney Houston (1985)
  • Whitney (1987)
  • I’m Your Baby Tonight (1990)
  • My Love Is Your Love (1998)
  • Just Whitney (2002)
  • One Wish (the holiday album) 2003
  • I Look To You (2009)

Во продолжение уживајте во најголемите хитови на Витни Хјустон:

1. I Will Always Love You – Whitney Houston

 

2. I Have Nothing – Whitney Houston

 

3. Could I Have This Kiss Forever – Whitney Houston ft. Enrique Iglesias

 

4. I Wanna Dance With Somebody – Whitney Houston

 

5. How Will I Know – Whitney Houston