Интересни факти за Бијонсе и нејзините најголеми хитови

Бијонсе Жизел Ноулс е родена на 04 септември 1981 година. Таа е американска R&B пејачка, текстописец, продуцент, актерка и моден дизајнер. Таа е родена во Хјустон, Тексас.уште од раното детство таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и често одела на натпревари по пеење и танцување.

Таа станала славна во 90тите кога била дел од женската група Destiny’s Child, како главен вокал. За време на паузата со Destiny’s Child таа го снимила својот прв соло албум – Dangerously in Love, во 2003 година. Од овој албум беа дел едни од најголемите хитови на Бијонсе: Crazy in Love и Baby Boy. Овој албум стана еден од најуспешните албуми таа година, а неа и донесе пет Греми награди.

После растурањето на Destiny’s Child Бијонсе ја започна својата соло музичка кариера. Во 2006 година таа го издаде својот втор соло албум: B’Day. Тој го зазеде првото место на табелата Билборд 200. Со нејзиниот трет соло албум: I am Sasha… Fierce, кој го издаде во 2008 година, ја стекна својата најголема светска слава, а истиот и донесе шест музички награди на 52ите Греми награди, со што го сруши рекордот на најмногу освоени Греми награди од женски артист за една ноќ.

Интересни факти за Бијонсе:

  1. Пејачкиот талент на Бијонсе бил откриен на нејзина 8 годишна возраст на час по танцување, кога нејзината учителка започнала да пее, а Бијонсе ја завршила песната со испевање на високи тонови на крајот.
  2. Како девојче, таа победила на натпревар по пеење, со песната на Џон Ленон:
  3. Бијонсе две години страдала од депресија, но после добивањето на Греми наградата за Destiny’s Child таа се излекувала.
  4. Мајката на Бијонсе е стилист и дизајнер, а нејзиниот татко е менаџер.
  5. Нејзиниот омилен филм е: A Star Is Born.
  6. Таа се омажи за раперот Jay-Z на 04 април 2008.
  7. Нејзината стилска икона е британскиот супермодел Кејт Мос.
  8. Бијонсе најмногу сака да одмора дома, да гледа телевизија и да игри компјутерски игри со нејзиниот сопруг.
  9. Нејзината прва музичка турнеја беше во 2004 година.
  10. Во 2010 година таа беше прогласена за Најубава жена во светот од магазинот.

Во продолжение слушнете ги најголемите хитови на Бијонсе:

1.Halo – Beyonce

 

2. 7/11 – Beyonce

 

3. Run The World – Beyonce

 

4. Single Ladies – Beyonce

 

5. Crazy In love – Beyonce