Интересни факти за австралиската ѕвезда Rick Springfield

Richard Lewis Springthorpe, попознат како Рик Спрингфилд, е популарен австралиски пејач.

Тој ја освои наградата “Греми” за “Најдобра машка рок-вокална изведба” за “Jessie’s Girl”, песна од неговиот петти албум “Working Class Dog”. Тој е исто така успешен актер, како и текстописец и автор. Роден во Гилдфорд, Сиднеј, Австралија.

Tој развил интерес за музика за време на неговите тинејџерски години откако го гледал настанот на Битлси во Мелбурн. На возраст од дваесет години, тој се приклучил на групата ‘Zoot’ како вокал. Една година откако беше распуштен бендот, тој го издаде својот деби студиски албум “Beginnings”. Неговите најуспешни дела ги опфаќаат “Working Class Dog”, неговиот петти албум кој го достигна својот врв на седмата позиција на американскиот Билборд 200. Неговиот албум “Living in Oz”, исто така, одлично се одржа и го зазеде деветтото место на Billboard Hot 100. Како актер , тој се појави во неколку филмови и телевизиски емисии. Неговата прва значајна улога на големиот екран беше во филмот “Hard to Hold”. Спрингфилд, исто така, се појави во неколку ТВ-емисии како што се “Californication”, “True Detective” и “Supernatural”. Тој има напишано автобиографија “Late, Late At Night: A Memoir”, која стана бестселер.

Некои интересни факти за Rick Spingfield:

  1. Бендот “Zott” на Рик, стана познат во 1971 година, после објавувањето на hard rock верзијата на песната на Битлси – “Eleanor Rigby”.
  2. Во 1971 година Рик Спрингфилд ја објави својата прва песна: “Speak To The Sky”.
  3. Рик Спрингфилд е и глумец. Тој ја започнал својата актерска кариера, како дебитант во епизода во американската серија: “The Six Million Dollar Man”.
  4. Тој е во брак со Барбара Портер.
  5. Интересот за музиката Рик го добил после концертот на Битлси во Мелбурн, каде уживал во перформансот на познатиот бенд.

Во продолжение уживајте во најголемите хитови на Рик Спрингфилд и групата “Zott”:

1.Jessie’s Girl – Rick Springfield

 

2. Love Somebody Rick Springfield

 

3. Hey Pinky – Zoot (Rick Springfield)

 

4. Rock of Life – Rick Springfield

 

5. Affair Of The Heart – Rick Springfield