Имате уште 50денари во џебот..?!

Често ни се случува во џебот да ни останат уште 50денари, пари кои доколку подобро размислиме има добри начини како да се искористат.

Прилеп е место каде сите туристи се добредојдени, многу луѓе ќе ви помогнат иако најголем дел од нив разбираат само Македонски, сепак даваат дознаење дека знаат да помогнат и направат да туристите се чувствуваат сигурно, безбедно и опуштено на кафе или низ зелените градини.

Преку оваа статија ќе ви пренесеме лично искуство на младата волонтерка од Молдавија, Лаура Музуруц, каде како EVS волонтер при Младински Совет Прилеп, за повеќе од два месеци престој ја запозна културата која е различна од таа во Молдавија, може да се заклучи со задоволство дека се чувствува сигурна, среќна и желна за откривање на нови можности.

Најпрво, таа би сакала да ви пренесе што значат 50денари. Тоа се 0,80EUR или 0,96USD. Доколку сте помислиле дека неможете да сторите ништо со овој износ, треба да знаете дека тоа е шармот на градот, фактот носи нешто што би ве изнедадило преку едноставноста.

На првиот ден, таа го откри тоа што ви треба за секој град одделно, а тоа се насоките што би правеле со одредена  сума на пари. Такси превозот во Прилеп е доста популарен, каде луѓето го користат кога сакаат да стигнат на време.

Решението лежи во многу нешта – со 50МКД би можеле да стигнете до канцеларија на утро кога нема да успеете да го испиете кафето или закасните. Најголем дел од возачите се добри, некои знаат и да ве научат нешто на Македонски. На моето прво патување, научив како да кажам „сврти лево“ на Македонски.

Друг начин да потрошите 50МКД е да земете сладок десерт во некое од познатите гостопримливи локали низ градот. На пример, Анисоара (MD), проба тирамису поради што порача и уште едно. Местото е со убава придружба, која особено ја нуди потребата на запознавање со планините, кој оставаат поглед за паметење каде се чувствува преубав пролетен воздух. На исто место, би можеле да најдете мала библиотека, каде со мал убав десерт ќе уживате во читањето на книга и планините наоколу.

Третата идеја каде со 50 денари би можеле да се упатите е во локалните продавници за овошје. Прилеп има многу продавници, често се наоѓаат на скоро секој агол во сите населби низ градот. Во Прилеп имате можност да купите овошје во најблиската продавница, но најдоброто место е градскиот пазар.

Секако, сувенирите во Прилеп се добра можност за оставање белег дека некогаш сте го посетиле градот. Тие можат да се најдат и за 50денари. Можете да одберете помеѓу магнет за на фрижидер, декоративено слонче кое е симбол на градот, се наоѓа на патот кон Марковите Кули, кои пријатно би ве потсеќале на ова убаво место.

Овие се некои од предлозите кои се базирани на искуството на нашите волонтерки. Како вие го доживувате градот, кои се вашите омилени места и што мислите за оваа тема?