За сите љубители на пишаниот збор – Поетско Маркукуле 2018

Оживејте ја мислата на перото со возвишен збор, пред кого и белата хартија е немоќна, со ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ `2018.

За таа цел во сабота, на 18.08.2018 година, во 19:00 часот  – КАЈ СЛОНОТ НА ТРОНОТ,

ќе се одржи мултимедијалната поетска манифестација ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ `2018.

 Извлекувањето на броевите за редоследот на интерпретација на песните

ќе се одржи претходно, во 18:30 часот.

Можете да се претставите со една песна по слободен избор со времетраење на читањето

најмногу 2 минути.

Доколку сакате Вашата песна да биде публикувана во Зборникот, доставете ја (online) во порака на Фејсбук страната на ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески” – Прилеп, или печатена заедно со пријавата, веднаш по читањето.

Место на пријавување: ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески” – Прилеп,

секој работен ден од понеделник до петок, од 07:00-19:00 часот.

За подетални информации обратете се на телефоните 048/420-066 и 048/424-344.